Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
Односи со јавност


Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.

За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.

 

Година Месец Тип на соопштение  

20.03.2014
Насоки за поднесување на перодичниот финансиски извештај од фискални системи за регистрирање на готовински плаќања кон ДДВ-04 пријавата
Согласно со член 41 од Законот за данокот на додадена вредност, даночните обврзници за ДДВ имаат обврска кон ДДВ-пријавата да поднесат периодичен финансиски извештај од одобрените фискални системи на опрема за регистрирање на готовински плаќања. Во врска со начинот на исполнување на оваа законска обврска, ги известуваме даночните обврзници дека прилозите - периодични финансиски извештаи треба да ги пополните on-line во системот е-Даноци со сумарни податоци за сите фискални каси, во табелата „Податоци од периодични извештаи од одобрени фискални системи на опрема за регистрирање на готовински плаќања“. Со ова престанува обврската за прикачување на скенирани периодични финансиски извештаи како прилог кон ДДВ-пријавата.
 
19.03.2014
Новости во Законот за данокот на додадена вредност
Врз основа на измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадена вредност („Службен весник на РМ“, бр.12/14 и бр.46/2014), објавени се нови правилници, и тоа: 1) Правилник за содржината и начинот на водење на евиденцијата за прометите на инвестициско злато - во кој се пропишани обврските за водење на евиденција за даночните обврзници кои вршат промет со инвестициско злато; 2) Правилник за формата и содржината на даночната пријава на данокот на додадена вредност (образец ДДВ-04); 3) Правилник за формата и содржината на Извештајот за извршените промети на добра и услуги за кои даночен должник е даночниот обврзник кон кого е извршен прометот (образец ДДВ-ИПДО)...
 
12.03.2014
Можност за поднесување на Годишна даночна пријава до понеделник / 17 март
Рокот за поднесување на Годишната даночна пријава (ПДД-ГДП) за граѓаните и на Годишниот даночниот биланс за персонален данок на доход (ПДД-ДБ) за трговците поединци и СВД е 15 март, а бидејќи последниот рок паѓа во сабота (неработен ден), потсетуваме дека согласно законот даночните обврзници своите пријави ќе можат да ги поднесат и на 17 март 2014 година (понеделник), како прв работен ден...
 
28.02.2014
Даночна академија - Работилница „Трансферни цени“
Скопје – На 27.02.2014 година, Даночната академија во Контакт центарот на УЈП одржа работилница за вработените во Царинската управа на РМ. Преку работилницата на тема „Трансферни цени“, царинските службеници имаа можност да се запознаат со дефинирањето, основите, евалуацијата и концептите на трансферните цени, политиката за формирање на трансферни цени во Република Македонија, трансакционите методи на пресметка на трансферните цени, надворешната контрола, оценката на ризикот и политиката на формирање на трансферни цени во некои земји во светот, како и традиционалните методи на утврдување на трансферни цени.
 
28.02.2014
Доставување на исправки на даночни пријави за данокот на додадена вредност “ДДВ-04“
Доколку како регистриран ДДВ обврзник, Годишната сметка до Централниот регистар ја поднесете во електронска форма најдоцна до 17 март 2014 година, тогаш и исправките на пријавите за данок на додадена вредност (образец “ДДВ-04“) за даночниот период/и од 2013 година, може да ги поднесете до УЈП во рокот за поднесување на Годишната сметка, односно заклучно до 17 март 2014 година.
 
Страници: 


 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија