Memorandum_mk
Односи со јавност


Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.

За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.

 

Година Месец Тип на соопштение  

26.02.2014
Доставување на даночни биланси “ДБ“ И “ДБ-ВП“
Доколку сте правно лице – резидент на РМ кој остварува добивка од вршење на дејност во земјата и странство или сте постојана деловна единица на странско правно лице која остварува добивка од вршење на дејност на територија на РM, имате обврска најдоцна до 28 февруари 2014 година да поднесете Даночен биланс за оданочување на непризнаени расходи (образец “ДБ“) до УЈП. Ако сте мал или микро трговец кој извршува стопанска дејност (освен банкарска, финансиска, осигурителна и дејност од областа на игрите на среќа и забавните игри) и ако во 2013 година, од кој било извор сте оствариле вкупен приход не поголем од 3.000.000 денари на годишно ниво, или пак сте оствариле вкупен приход од 3.000.001 до 6.000.000 денари, и сте се определиле или сакате да се определите за пресметување и плаќање на „годишен данок на вкупен приход“, имате обврска до 28 февруари 2014 година да поднесете Даночен биланс на вкупен приход (образец “ДБ-ВП“) до УЈП. По исклучок од горенаведениот рок - 28 февруари 2014 година...
 
06.02.2014
Насоки за поднесување на МПИН пресметка за извршен член на одбор на директори во трговско друштво, член на управен одбор во трговско друштво и управител во трговско друштво
Од јануари 2014 година, извршните членови на одбор на директори во трговско друштво, член на управен одбор во трговско друштво и управител во трговско друштво имаат обврска да поднесуваат МПИН пресметка до УЈП, доколку не се осигурени по друг основ, односно не се во работен однос, не се корисници на пензија и надоместок на плата според прописите на пензиското и инвалидското осигурување, не се осигурани за здравствено осигурување преку член на семејството и не се осигурени по други основи предвидени со Законот за здравствено осигурување и/или Законот за пензиско и инвалидско осигурување...
 
30.01.2014
Насоки за поднесување на Годишни извештаи за персонален данок на доход
Ги информираме даночните обврзници, доколку имаат технички проблеми при поднесувањето на годишните извештаи ПДД-ГИ, ПДД-ГИ/ОЗП и ПДД-ГИ/ЗП преку системот е-Даноци, законската обврска ќе може да ја исполнат со поднесување на истите преку е-пошта: Kontakt.COP@ujp.gov.mk и со тоа да го запазат законскиот рок...
 
29.01.2014
Бруто плата 2014 - Најниска и највисока основица за пресметување на придонеси
Просечната плата по работник во Република Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика објавени во Јануари 2014 година изнесува 30.902 денари. Просечната плата се користи за утврдување на најниската и највисоката основица за пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување и тоа за пресметките за плата кои се однесуваат за месец Јануари до Декември 2014 година (согласно член 15 и 16 од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување).
 
27.01.2014
Измени на Законот на додадена вредност – Новини во даночното работење
Со измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадена вредност („Службен весник на РМ“, бр.12 од 22 јануари 2014 година), се воведуваат следните новини во даночното работење...
 
Страници: 


 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија