Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
Односи со јавност


Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.

За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.

 

Година Месец Тип на соопштение  

13.01.2014
Начини на електронско поднесување и подготовка на годишните извештаи ПДД-ГИ, ПДД-ГИ/ОЗП и ПДД-ГИ/ЗП
На даночните обврзници (правно лице, трговец-поединец, занаетчија, лица кои вршат слободни занимања и др.), кои задолжително поднесуваат Годишни извештаи (обрасци ПДД-ГИ, ПДД-ГИ/ОЗП и ПДД-ГИ/ЗП) преку системот е-Даноци, овозможено им е да ги подготват податоците на неколку начини, и тоа: 1) Со On-line внесување на податоците преку соодветни форми за внес во системот за е-Даноци; 2) Со прикачување на прилози кон електронската пријава во .TXT формат и со содржина дадени во соодветните Упатства за електронска подготовка на Годишните извештаи; и 3) Со импортирање на претходно подготвени податоци во соодветен .XML формат кој е објавен на системот за е-Даноци...
 
03.01.2014
Самооданочување и електронско поднесување на биланси за трговците поединци и самостојните вршители на дејност
Со измените во Законот за персоналниот данок на доход и Законот за даночна постапка („Службен весник на РМ“, бр.187/13), за трговците поединци и самостојните вршители на дејност се воведува самооданочување за персоналниот данок на доход, како и задолжително електронско поднесување на даночни биланси за персонален данок преку системот е-Даноци...
 
02.01.2014
Нови рокови и електронско поднесување на годишните извештаи за персонален данок за 2013
Со измените во Законот за персоналниот данок на доход и Законот за даночна постапка („Службен весник на РМ“, бр. 187/13), економските субјекти имаат обврска годишните извештаи - образец ПДД-ГИ, ПДД-ГИ/ОЗП и ПДД/ГИ-ЗП задолжително да ги поднесуваат по електронски пат преку системот е-Даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk, најдоцна до 31 јануари 2014 година. Исто така, економските субјекти кои вршеле исплати на граѓани и имале обврска да го пресметаат и уплатат персоналниот данок задолжително треба на граѓанинот да му издадат збирна пресметка за исплатените приходи, платениот персонален данок и придонеси во 2013 година, најдоцна до 15 јануари 2014 година...
 
31.12.2013
За пресметка на јануарска плата - Користете ја новата верзија на клиентски софтвер “МПИН“
Почнувајќи со исплатата на платата за месец Јануари 2014 година, во примена се следните стапки на придонесите од задолжително социјално осигурување...
 
24.12.2013
Фирмите да се прилагодат за електронско пријавување на даноци
Согласно Предлог измените и дополнувањата на Законот за даночна постапка, кој е во завршна фаза во собраниска процедура, во член 53 став 13 се предвидува нова законска обврска со која даночните обврзници задолжително ќе ги доставуваат даночниот биланс и извештаи пропишани со Законот за персоналниот данок на доход по електронски пат до Управата за јавни приходи. Од таа причина, препорачуваме уште отсега да се прилагодите и да ги користите придобивките од електронската комуникација и поднесувањето на даночни пријави и други обрасци до УЈП преку системот за е-Даноци. Што е потребно за да се регистрирате на е-Даноци?...
 
Страници: 


 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија