Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
Односи со јавност


Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.

За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.

 

Година Месец Тип на соопштение  

24.12.2013
Фирмите да се прилагодат за електронско пријавување на даноци
Согласно Предлог измените и дополнувањата на Законот за даночна постапка, кој е во завршна фаза во собраниска процедура, во член 53 став 13 се предвидува нова законска обврска со која даночните обврзници задолжително ќе ги доставуваат даночниот биланс и извештаи пропишани со Законот за персоналниот данок на доход по електронски пат до Управата за јавни приходи. Од таа причина, препорачуваме уште отсега да се прилагодите и да ги користите придобивките од електронската комуникација и поднесувањето на даночни пријави и други обрасци до УЈП преку системот за е-Даноци. Што е потребно за да се регистрирате на е-Даноци?...
 
19.12.2013
Истекува рокот за поднесување на Барања за отпис на камати на достасани обврски
На 31 декември 2013 година истекува рокот за поднесување на Барања (образец “БОК-ПЗСО”) за отпишување на пресметаните неплатени камати по основ на достасани обврски за придонеси од задолжително социјално осигурување кои настанале во периодот од јануари 2009 година, заклучно со декември 2012 година. Апелираме, обврзниците да не го чекаат последниот рок за да ја искористат можноста за отпишување на каматите...
 
18.12.2013
Земјоделци – Поднесување на барања за паушално оданочување до 31 декември
Доколку обавувате земјоделска дејност и вашиот приход во 2013 година не надминува 1.300.000 денари, имате можност данокот на доход да го плаќате паушално. Паушалното оданочување можете да го користите, без разлика дали земјоделието претставува ваша основна дејност или истата ја вршите како дополнително занимање. Изберете едноставно решение, кое го олеснува финансиското работење на земјоделците и Ви овозможува да го плаќате персоналниот данок на доход еднаш во годината, без никакви дополнителни обврски за водење на деловни книги...
 
11.12.2013
Прво место за веб страницата на УЈП во категоријата на државни институции за „Најдобар сајт за 2013“
На манифестацијата „Сајт на годината 2013“, која се одржа на 10.12.2013 година во Кино Фросина во Скопје, веб страницата на УЈП www.ujp.gov.mk го освои првото место во категоријата на најдобар сајт за владини/државни институции. Изборот „Сајт на годината" кој се организира по четврт пат има за цел да придонесе кон развојот на домашните веб-страници и да додели сертификати и признанија на луѓето кои работат во развојот на онлајн-медиумите во земјава...
 
25.11.2013
Даночна академија - Работилница „Методи и процедури на примена на трансферни цени“
Скопје - На 20 и 21 ноември 2013 година, во х. Арка, Даночната академија во соработка со Инструментот за техничка помош и размена на информации - TAIEX одржа работилница на тема „Методи и процедури на примена на трансферни цени “...
 
Страници: 


 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија