Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
Односи со јавност


Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.

За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.

 

Година Месец Тип на соопштение  

19.09.2013
Во врска со зголемувањето на имотот со кој располага Гордана Јанкуловска
Во врска со информациите изнесени во јавноста за зголемување на имотот на Гордана Јанкуловска во периодот од 2006 година, согласно податоците со кои располага Управата за јавни приходи ја информираме јавноста дека промените на имотната состојба на Гордана Јанкуловска и нејзиниот сопруг се уредно пријавени и станува збор за промени на имотна состојба која потекнува од оданочени приходи, стекнати преку банкарски заеми...
 
06.09.2013
На стартот на училишната година – Казнети трговцитe без “фискални“
Зголемената потрошувачка на стартот на училишната година, одредени трговци на мало се обидуваат да ја искористат за безправно да профитираат на сметка на неплаќање на даноци и лојалната конкуренција.
 
29.07.2013
Успешен старт на новата законска обврска за електронско пријавување на ДДВ
Електронското пријавување на ДДВ, навреме и успешно го завршија 21.647 фирми. Податоците на УЈП покажуваат дека 2,3% од фирмите не се прилагодиле на новиот начин на електронска комуникација со УЈП, иако имале законска обврска, односно воопшто не се регистрирале на е-Даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk/ и не поднеле електронска ДДВ-пријава, за што е предвидена глоба до 3500 евра во денарска противвредност. Со новините во даночното работење кои за месечните ДДВ обврзници стапија на сила од 1 Јануари, а за тримесечните од 1 јули, се воведе задолжително електронско пријавување на ДДВ во УЈП наместо досегашното поднесување на хартиени даночни ДДВ пријави на шалтерите во Управата...
 
25.07.2013
Електронско пријавување на ДДВ до полноќ
Денес/25 јули/ истекува рокот за поднесување на електронска ДДВ-пријава, со што и официјално отпочнува да се применува новата законска обврска за тримесечните ДДВ обврзници. УЈП очекува успешен старт на електронското пријавување на ДДВ преку е-Даноци и навремено исполнување на даночните обврски од страна на обврзниците. Со новините во даночното работење, со кои се предвидува задолжително електронско пријавување на ДДВ во УЈП, целосно се укинува досегашниот традиционален начин на поднесување на хартиени даночни ДДВ пријави на шалтерите во Управата...
 
05.07.2013
УЈП со засилени контроли кај приредувачите на игри на среќа
Мобилните екипи на Управата за јавни приходи ќе вршат засилен инспекциски надзор, во вечерните часови и за време на викенди, кај приредувачите на игри на среќа кои досега требаа да воведат Надзорен информациски систем (НИС) и 24 часовна поврзаност со УЈП заради следење на уплатите и исплатените добивки... Поради утврдено нелиценцирано приредување на игри на среќа во контролите кои вчера/4јули/, во вечерните часови се извршени во Гостиварско, даночниците ја запленија целокупната опрема и запечатија објекти на “диви“ обложувалници во с.Дебреште, с. Врапчиште и с.Градец, а против сопствениците поднесени се кривични пријави...
 
Страници: 


 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија