Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
Односи со јавност


Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.

За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.

 

Година Месец Тип на соопштение  

17.06.2013
Пилот проект - Електронско известување за издавање на уверенија за платени даноци и придонеси во УЈП
Управата за јавни приходи отпочна со спроведување на Пилот проект за електронско известување на даночниот обврзник за статусот на неговото Барање за издавање на уверение/потврда за платени даноци и придонеси. Пилот проектот, во оваа фаза се спроведува само за поднесените барања во даночните канцеларии на УЈП во Скопје (Даночен шалтер Гази Баба, Даночен шалтер Чаир, Даночен шалтер Илинден и Регионална дирекција Скопје), а се планира во иднина да се прошири и во другите шалтери низ Републиката...
 
10.06.2013
Од 1 јули 2013 – Стариот систем за е-Даноци надвор од функција
Правните лица и самостојни вршители на дејност кои се регистрирани корисници на стариот систем на е-Даноци, задолжително треба да мигрираат кон новиот систем на електронски услуги на УЈП https://etax-fl.ujp.gov.mk/, најдоцна до 1 јули 2013 година. По истекот на овој рок, стариот систем на е-Даноци ќе биде ставен надвор од функција и електронските услуги на УЈП ќе бидат достапни само преку новиот систем https://etax-fl.ujp.gov.mk. Постапката за миграција е едноставна и се врши електронски...
 
10.06.2013
Адвокатите да се фискализираат
Согласно Законот за престанување на важењето на Законот за адвокатски маркички („Службен весник на РМ“, бр.82 од 05.06.2013 година), од 13 јуни 2013 година се укинува обврската на адвокатите за користење на адвокатски маркички. Со укинувањето на примената на адвокатските маркички, за адвокатите отпочнуваат да важат обврските предвидени со Законот за регистрирање на готовинските плаќања, односно адвокатите кои вршат промет на добра и промет на услуги за кој плаќањето не се извршува по банкарски пат, должни се да воведат и користат одобрен фискален систем на опрема за регистрирање на готовински плаќања и задолжително да издаваат фискална сметка за извршениот промет, односно услуга / правна помош...
 
05.06.2013
Поради неиздавање на фискални сметки – Затворени 17 објекти во Тетово и Гостивар
Во рамки на контролите кои беа спроведени во вкупно 35 објекти во Тетово и Гостивар, Управата за јавни приходи констатираше 17 случаи на неиздавање на фискални сметки и 9 случаи каде субјектите воопшто не се регистрирани за даночни цели...
 
04.06.2013
Од 1 јуни 2013 година - Нов клиентски софтвер за пресметка на бруто плата
За да можете да ги поднесувате пресметките за интегрирана наплата (образец МПИН), задолжително преземете ја новата верзија на клиентскиот софтвер преку веб страницата на УЈП...
 
Страници: 


 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија