Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.
За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.
03.06.2013
Тримесечните ДДВ обврзници имаат уште еден месец да се регистрираат на е-Даноци, односно од 1 јули имаат законска обврска, наместо во хартиена форма, ДДВ-пријавите и даночните биланси за данокот на добивка да ги поднесуваат до УЈП по електронски пат преку https://etax-fl.ujp.gov.mk. Потсетуваме дека за успешна регистрација и користење на интернет сервисот е-Даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk, фирмите треба да поседуваат: 1) Дигитален сертификат на USB токен, издаден од некоја од овластените куќи: Македонски Телеком или КИБС; 2) Интернет конекција;
3) е-Пошта (валидна и иста со онаа која се води во Централниот регистар на РМ). . .
|
|
17.05.2013
Врз основа на претходни пријави за нелегално приредување на игри на среќа и малверзации кај познати обложувалници во Тетово, во попладневните часови Управата за јавни приходи отпочна засилени контроли на нивното работење. Контролите се водат со асистенција на МВР.
|
|
22.04.2013
Во рамки на Меморандумот за билатерална соработка, потпишан помеѓу Министерството за финансии на РМ и Министерството за финансии на Кралството Холандија, во просториите на Контакт центарот на УЈП, во периодот од 16 до 18 април 2013 година, се одржа експертска мисија на тема „Стратешко планирање“, на која предавачи беа експерти од даночната администрација на Кралството Холандија. На тридневната експертска мисија, 12 вработени од функциите „стратешко планирање, анализа и статистика“ и „финансиски прашања“ разменија искуства за стратешкото планирање во двете даночни администрации, како и во делот на развивањето на стратешки принципи и мерки на учиноци користејќи ги алатките „Balanced Scorecard“ и „SWOT“ анализата...
|
|
18.04.2013
Почнувајќи од 1 јули 2013 година, тримесечните ДДВ обврзници имаат законска обврска ДДВ-пријавите и даночните биланси за данокот на добивка да ги поднесуваат до УЈП по електронски пат преку системот е-Даноци. Заради навремено усогласување со новините во даночното работење, им препорачуваме на обврзниците и сметководствените бироа да не го чекаат последниот рок и да преземат чекори за регистрација на https://etax-fl.ujp.gov.mk/ за што е потребно 1) Дигитален сертификат на USB токен издаден од овластена куќа; 2) Интернет конекција; и 3) Валидна е-Пошта (пријавена во Централниот регистар на РМ). Постапката за регистрација е едноставна и се врши електронски...
|
|
08.04.2013
Правото на отпис на камати од заостанати обврски по основ за придонеси од задолжително социјално осигурување, се однесува за сите обврзници кои се опфатени со концептот „Бруто-плата“ и истите го имаат платено придонесот од задолжително пензиско осигурување заклучно со 31.12.2008 година. Правото на отпис на камати се остварува со поднесување на пропишан образец “БОК-ПЗСО”, до Регионалната дирекција на УЈП, според седиштето/живеалиштето на даночниот обврзник, најдоцна до 31 декември 2013 година. Подносителот на барањето има право на отпишување на каматите за придонесите во износ од 100%, 75% или 50% камата ако исплатата на заостанатите обврски за кои е поднесено барањето ја изврши во рок од...
|
|