Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
Односи со јавност


Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.

За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.

 

Година Месец Тип на соопштение  

26.02.2013
Брошура и интерактивни упатства за пресметка на плати за 2013
Концептот на бруто-плата и системот на интегрирана наплата на социјалните придонеси и персонален данок на плата бара подетално појаснување и прецизирање на повеќе прашања, поради што ви ја препорачуваме е-брошурата и интерактивните упатства за МПИН за 2013 година...
 
19.02.2013
До 28 февруари – Доставување на даночни биланси “ДБ“ и “ДБ-ВП“
Доколку сте правно лице – резидент на РМ кој остварува добивка од вршење на дејност во земјата и странство, или сте постојана деловна единица на странско правно лице која остварува добивка од вршење на дејност на територија на РM, имате обврска најдоцна до 28 февруари 2013 година да поднесете Даночен биланс за оданочување на непризнаени расходи (образец “ДБ“) до УЈП. Ако сте мал или микро трговец кој извршува стопанска дејност (освен банкарска, финансиска, осигурителна и дејност од областа на игрите на среќа и забавните игри) и ако во 2012 година, од кој било извор сте оствариле вкупен приход не поголем од 3.000.000 денари на годишно ниво, или пак сте оствариле вкупен приход од 3.000.001 до 6.000.000 денари, а притоа сте се определиле за пресметување и плаќање на „годишен данок на вкупен приход“, имате обврска да поднесете Даночен биланс на вкупен приход (образец “ДБ-ВП“) до УЈП...
 
11.02.2013
Уште 4 дена за фирмите да им издадат пресметки на граѓаните за исплатените приходи во 2012
Фирмите кои вршеле исплати на приходи во текот на изминатата година, до 15 февруари задолжително на граѓанинот треба да му издадат збирна пресметка за исплатените приходи по основ на: лични примања, авторски права и права од индустриска сопственост, капитал, имот и имотни права (закупнини), добивките од игри на среќа и други наградни игри или други приходи, како и платениот персонален данок и придонеси во 2012 година. Според последните податоци на УЈП, само 15.031 исплатувачи на приходи поднеле Годишен извештај за 2012 (“ПДД-ГИ“) , а се очекува оваа бројка до крајниот рок / 15 февруари да достигне 70 илјади. Заради избегнување на метежите на шалтерите на УЈП, им укажуваме на фирмите кои се регистрирани корисници на е-Даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk да го достават Годишен извештај (“ПДД-ГИ“) преку интернет. По електронски пат, годишен извештај доставиле 42 фирми...
 
06.02.2013
Потпишан Меморандум за соработка меѓу Управата за јавни приходи и Академијата за судии и јавни обвинители
Скопје – На 6 февруари 2013 година директорот на Управата за јавни приходи, Горан Трајковски и директорот на Академијата на судии и јавни обвинители, судија Анета Арнаудовска потпишаа Меморандум за соработка со кој се потврдува заложбата и интересот за заеднички придонес за зајакнување на капацитетите на судството, како еден од главните приоритети за членство на Македонија во Европската Унија. Меѓусебната соработка на двете академии е во насока на обезбедување на соодветна примена на даночните закони и размена на искуство во делот на даночната пракса, која ќе се остварува преку...
 
01.02.2013
Казината, автомат клубовите и обложувалниците да воведат Надзорен информативен систем (НИС)
Република Македонија е единствена држава од Југоисточна Европа и една од малкуте држави во светот која имплементира Надзорен информативен систем (НИС) за следење на прометот кај приредувачите на посебните игри на среќа. Со измените и дополнувањата на Законот за игрите на среќа и за забавните игри („Службен весник на РМ“, бр.74/12), приредувачите на посебни игри на среќа: казина (за автоматите), автомат клубови и обложувалници, имаат обврска од 1 јануари 2013 година да обезбедат Надзорен информациски систем (НИС) кој ќе биде поврзан со Управата за јавни приходи. Станува збор за ИТ решение кое централно ги регистрира уплатите и исплатите од игрите на среќа во сите деловни единици на приредувачот и кое е он-лине поврзано со информацискиот систем на УЈП...
 
Страници: 


 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија