Memorandum_mk
Односи со јавност


Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.

За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.

 

Година Месец Тип на соопштение  

17.01.2013
До 15 Февруари – Фирмите откупувачи на земјоделски производи да достават Годишен извештај “ПДД-ГИ/ОЗП“
Фирмите кои во изминатата 2012 година вршеле исплати на граѓани по основ на откуп на земјоделски производи имаат обврска до УЈП да достават Годишен извештај за исплатени приходи при откуп на земјоделски производи од физички лица (образец “ПДД-ГИ/ОЗП“). Пополнетиот Годишен извештај, фирмите треба да го достават до даночните канцеларии на УЈП (според седиштето на даночниот обврзник) или по електронски пат преку е-Даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk најдоцна до 15 февруари 2013 година, кога истекува и законскиот рок за исполнување на оваа обврска...
 
09.01.2013
До 31 јануари - Поднесете годишен извештај доколку сте организатор на зелен пазар
Фирмите кои организираат зелен пазар на кој се врши трговија на големо и мало, имаат обврска најдоцна до крајот на месецот, да поднесат Годишен извештај (образец“ПДД/ГИ-ЗП”) во кој треба да се пријави кој ги користел продажните места на зелениот пазар во изминатата 2012 година. Пополнетиот „Годишен извештај за корисниците на продажните места на зелените пазари“, организаторот на зелениот пазар треба да го достави до даночните канцеларии на УЈП (според седиштето на даночниот обврзник/организатор на зелен пазар) или по електронски пат преку е-даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk најдоцна до 31 јануари 2013 година, кога и истекува законскиот рок за завршување на оваа обврска...
 
03.01.2013
Даночни канцеларии за подигање на адвокатски маркички
Се информираат адвокатите дека адвокатските маркички можат да се подигнат во следните даночни канцеларии на УЈП
 
02.01.2013
Демант - „Фокус“ (текст: „Државата е на добар пат да ги укине адвокатите“)
Во врска со текстот „Државата е на добар пат да ги укине адвокатите“ објавен во дневниот весник „Фокус“ (31. 12. 2012, стр.7, новинар: Саше Димовски), Управата за јавни приходи ги демантира изнесените информации, со кои се дава погрешна слика на јавноста за имплементирањето на адвокатските маркички. Првенствено и крајно непрофесионално од редакцијата на „Фокус“ е што воопшто не се обратила до Управата за јавни приходи за став по однос на прашањата кои се предмет на новинарскиот текст. Токму затоа, преку овој Демант ја информираме јавноста за следното: Адвокатските маркички се резултат на долгогодишните барања на адвокатската заедница за нивно иземање од фискализацијата. Со Адвокатската маркичка се воведува ефикасен систем за следење на финансиското работење на адвокатите и плаќањето на персоналниот данок од нивна страна...
 
31.12.2012
За пресметка на јануарска плата - Користете ја новата верзија на клиентски софтвер “МПИН“
Почнувајќи со исплатата на платата за месец Јануари 2013 година, во примена се следните стапки на придонесите од задолжително социјално осигурување...
 
Страници: 


 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија