Memorandum_mk
Односи со јавност


Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.

За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.

 

Година Месец Тип на соопштение  

16.02.2012
Од денес - Поднесување на Годишна даночна пријава и преку интернет
Граѓаните од денес Годишната даночна пријава можат да ја поднесат и преку интернет http://etax.ujp.gov.mk/ Се што ви е потребно за да ги користите електронските даночни услуги е да поседувате интернет врска, е-пошта и дигитален сертификат на токен (издаден од овластена куќа). Токенот е неопходен и се користи за регистрација на системот е-Даноци, како и за електронско потпишување на даночните пријави. Ако веќе поседувате токен...
 
13.02.2012
На “пластичарска“ 8, а во цела Македонија затворени 152 објекти
По завршувањето на тридневните даночни контроли, билансот на затворени објекти се искачи на вкупно 152. Мобилните екипи на УЈП во вечерните часови од четврокот до саботата, “оперираа“ во централните градски подрачја и на други прометни места во скоро сите поголеми општини во Македонија при што во 207 случаи, фирмите не го пријавувале прометот преку фискалниот апарат...
 
10.02.2012
До 29 февруари - Пријавување на данок на добивка и „годишен данок на вкупен приход“
Правно лице – резидент на РМ кој остварува добивка од вршење на дејност во земјата и странство, или постојана деловна единица на странско правно лице која остварува добивка од вршење на дејност на територија на РM, има обврска најдоцна до 29 февруари 2012 година да поднесе „Даночен биланс за оданочување на непризнаени расходи“ (образец ДБ). Ако пак сте мал или микро трговец кој извршува стопанска дејност и ако во 2011 година, од кој било извор сте оствариле вкупен приход не поголем од 3 милиони денари на годишно ниво, или пак сте оствариле вкупен приход од 3.000.001 до 6.000.000 денари, а притоа сте се определиле за пресметување и плаќање на „годишен данок на вкупен приход“, имате обврска да поднесете „Даночен биланс на вкупен приход“ (образец ДБ-ВП)...
 
10.02.2012
Во вечерни контроли на УЈП – затворени 60 објекти
Во вчерашните контроли во делот на фискализацијата, УЈП затвори 60 објекти. Од над 400 даночни контроли, кај 74 објекти е утврдено дека истите не го регистрирале готовинскиот промет, со намера да го намалат приходот и данокот. Во зависност од прекршокот - непоседување на фискален апарат, неиздавање на фискални сметки и неводење на задолжителната финансиска документација, фирмите кои го заобиколиле законот се соочуваат со глоби во вкупен износод 170.950 евра во денарска противвредност, како и со затворање на објектот. Во еден случај поради спречување на вршење на службените задачи на даночните контролори и кинење на записници и налог, за даночниот обврзник е поднесена кривична пријава...
 
09.02.2012
Истекува рокот за поднесување годишни извештаи и издавање на пресметки на граѓаните
На неколку дена пред истекот на рокот за поднесување на Годишни извештаи, само 14.770 фирми ја исполниле својата обврската, а се очекува до УЈП да пристигнат уште 50 илјади извештаи. Со цел фирмите да можат да го запазат рокот, на 15 февруари/среда сите даночни канцеларии ќе работат со продолжено работно до 18.00 часот. Најдоцна до 15 февруари, фирмите исто така имаат законска обврска на граѓанинот да му издадат збирна пресметка за исплатените приходи, платениот персонален данок и придонеси во 2011 година...
 
Страници: 


 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија