Memorandum_mk
Односи со јавност


Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.

За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.

 

Година Месец Тип на соопштение  

30.01.2012
Демант - “Дневник“ (текст: „Затворен планинарскиот дом Копанки“)
Во врска со текстот објавен во весникот Дневник (26.01.2012 година, автор М.М.), Управата за јавни приходи ги демантира информациите со кои се дава погрешна слика и толкување за постапувањето и надлежноста на УЈП. Со цел избегнување на евентуални заблуди и погрешно информирање на јавноста, укажуваме дека ниту Планинарскиот дом, ниту УЈП, ниту било кој друг не може да го ограничува правото на граѓаните да доставуваат претставки и пријави за неправилности до институциите. УЈП како и во сите случаи до сега, има обврска да постапува по доставените пријави од граѓаните, како и да утврди законско или незаконско работење на даночниот обврзник. За конкретниот случај, до сега УЈП нема наод за неиздавање на фискални сметки и за затворање на Планинарскиот дом, па оттука не чуди од каде ваквите изјави и која е целта на истите.
 
27.01.2012
Билатерална соработка - Македонските и албанските даночници со заеднички мерки за високоризичните компании
Скопје - од 26 до 28 јануари 2012 година, во работна посета на УЈП се претставниците на високото раководство на Албанската даночна администрација, предводена од генералниот директор, Газмир Спахија. Во изминатите години, соработката помеѓу македонските и албанските даночни власти е интензивирана преку креирање на заеднички политики и преземање на конкретни оперативни мерки за високо ризичните компании кои гравитираат на пазарите на двете соседни држави. Во таа насока, за време на тридневната посета, даночници на Македонија и Албанија ги договорија следните чекори и насоки на заедничите активности во делот на инспекцискиот надзор кој ќе бидат спроведени во наредниот период...
 
13.01.2012
До 31 јануари - Поднесете годишен извештај доколку сте организатор на зелен пазар
Фирмите кој организираат зелен пазар на кој се врши трговија на големо и мало, имаат обврска најдоцна до крајот на месецот, да поднесат Годишен извештај (образец“ПДД/ГИ-ЗП”) во кој треба да се пријави кој ги користел продажните места на зелениот пазар во изминатата 2011година. Пополнетиот годишен извештај, организаторот на зелениот пазар треба да го достави до УЈП, најдоцна до 31 јануари 2012 година, кога и истекува законскиот рок за завршување на оваа обврска...
 
12.01.2012
Актуелно - Поднесување на Годишен извештај за исплатените приходи во 2011 (“ПДД-ГИ“ и “ПДД-ГИ/ОЗП“)
Ekономските субјекти (правно лице, трговец-поединец, занаетчија, лица кои вршат слободни занимања и др.) кои во изминатата 2011 година извршиле исплата на приходи на физички лица/граѓани имаат обврска да поднесат Годишен извештај (образец “ПДД-ГИ”), а оние кои вршеле исплати по основ на откуп на земјоделски производи должни се да достават Годишен извештај (образец “ПДД-ГИ/ОЗП”). Обрасците не се изменети и можат да се преземат преку веб страницата...
 
11.01.2012
Користете ги новите обрасци за побрз одговор на вашето барање
Со цел поедноставување на постапките за одговор на редовните барања кои даночните обврзници ги доставуваат до УЈП, од 10.01.2012 година во примена се следните обрасци/барања: за одложено плаќање на даночен долг; за потврда за дадена донација/спонзорство; за пренасочување на погрешно платен данок; за поврат на повеќе/погрешно платен данок...Новите обрасци се во функција на промена на досегашната пракса за доставување на непотполни податоци од страна на обврзниците и барања од УЈП за доставување на дополнителни информации...
 
Страници: 


 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија