Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
Односи со јавност


Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.

За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.

 

Година Месец Тип на соопштение  

23.02.2011
Фирми - Уште четири дена за поднесување на даночни биланси
На 28 февруари истекува рокот кога правните лица и малите и микро трговци треба да поднесат даночни биланси до Управата за јавни приходи. Заклучно со вчерашниот ден, 10.691 даночни обврзници навреме го пријавиле данокот за добивка, односно годишниот данок за вкупен приход за 2010 година, а до крајот на законскиот рок се очекува вкупниот број на поднесени даночни биланси до Управата да биде над 60 илјади. Со цел обврзниците да го запазат рокот за пријавување на данокот, сите даночни канцеларии низ Републиката на 28 февруари/понеделник/ ќе работат со продолжено работно време до 20.00 часот, а услугите на Контакт центарот во Скопје (ГТЦ, 2-ри кат) се достапни и во сабота/26.02.2011/, во редовното работно време од 9.00 до 20.00 часот.
 
15.02.2011
Нови обрасци за пријавување на приходи од капитални добивки, од имот и имотни права, од самостојна дејност и други приходи
Ги информираме граѓаните / даночни обврзници на персоналниот данок на доход дека од 10 февруари 2011 година, задолжително треба да се применуваат новите обрасци – аконтативни даночни пријави со кои во Управата за јавни приходи се врши пријавување на: приходи од капитални добивки (образец “ПДД-АДП/КД“); приходи од имот и имотни права (образец “ПДД-АДП/ПИ“); започнување на остварување на приходи од самостојна дејност (образец “ПДД-АДП/СД“) и остварени други приходи (образец “ПДД-АДП/ДП“). Сите обрасци се редизајнирани согласно пропишаните стандарди на УЈП и истите се бесплатни, односно можат да се преземат преку интернет или на шалтерите во УЈП.
 
11.02.2011
Фирми - Истекува рокот за поднесување на годишни извештаи за исплатени приходи
Фирмите имаат уште неколку дана, пред истекот на законскиот рок / 15 февруари 2011, до Управата за јавни приходи да поднесат годишни извештаи за приходите кои ги исплатиле на физички лица во текот на изминатата 2010 година. Со цел даночните обврзници да го запазат рокот и навремено да ја исполнат својата обврска, сите шалтери на УЈП низ Републиката во понеделник и вторник, односно на 14 и 15 февруари ќе работат со продолжено работно време до 20.00 часот.
 
10.02.2011
Работилница: „Утврдување на ризици, методи и техники за контрола во градежната индустрија“
Управата за јавни прихода во организација и поддршка од Постојаниот советник на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Македонија, Џорџ Ајзалајн и Советникот од ММФ за надворешна контрола, Ричард Тид, во периодот од 31 јануари до 4 февруари 2011 година, реализира работилница на тема: „Утврдување на ризици, методи и техники за контрола во градежната индустрија“. Целта на работилницата е имплементација на добрите практики и искуства на даночната администрии на САД и европските земји во делот на инспекцискиот надзор на градежништвото, како специфична индустриска гранка од даночен аспект.
 
08.02.2011
Нов начин на плаќање на радиодифузната такса!
Почнувајќи со Решението за утврдување на радиодифузна такса кое ќе Ви биде доставено за месец Јануари 2011 година, наплатата на радиодифузната такса ќе ја врши Управата за јавни приходи (УЈП). Новиот начин на плаќање се состои во тоа што целокупната постапка за наплата ќе ја врши Управата за јавни приходи, наместо како досега ЈП Македонска радиотелевизија. Исто така, УЈП редовно, односно за секој месец, ќе Ви доставува решение со кое директно кај носителот на платниот промет (банка или пошти) ќе можете да извршите уплата на радиодифузната такса.
 
Страници: 


 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија