Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
Односи со јавност


Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.

За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.

 

Година Месец Тип на соопштение  

14.12.2010
До 31 декември - Поднесување на Барање за паушално плаќање со персоналниот данок за земјоделците
Земјоделецот кој обавува земјоделска дејност или истата ја врши како дополнително занимање и остварил вкупен приход во 2010 година до 1.300.000 денари, данокот може да го плаќа според паушално утврден приход, само доколку до 31 декември 2010 година поднесе барање до Управата за јавни приходи. Можноста за паушално оданочување е од посебна важност за земјоделците како даночни обврзници, кои поради карактерот на самата дејност во голем процент не се во можност да водат деловни книги ...
 
10.12.2010
УЈП отпочна со даночна едукација на младите
Даноците се лесно четиво, доколку го научиш! За да создадеме предуслови за градење на социјално-свесни и совесни даночни обврзници, Управата за јавни приходи од декември 2010 година отпочнa со имплементација на Проектот „Фискална едукација на младите“ кој ќе се спроведува во средните училишта низ цела Македонија. Основната цел е елиминирање на неинформираноста на младите за потребата од плаќање на даноците, но пред се нивно запознавање со основните права и граѓански должности кои ги имаат како даночни обврзници...
 
02.12.2010
Демант - „СДСМ“ (Однесувањето на Владата ги загрозува фирмите и работните места на вработените во тие фирми)
Бидејќи говорот на Трајковски, во целост беше проследен од страна на камерите и претставниците на медиумите, ја информираме целокупната јавност за тоа што беше изнесено во говорот на директорот Трајковски, а тоа е дека „повратот на ДДВ е во рамки на законски предвидениот рок од 30 дена“, а притоа детаљно и нашироко пред претставниците на бизнис зедницата беа изнесени и ставовите на УЈП за “вистинските состојби за кризата“ ...
 
15.11.2010
Демант - “Алфа ТВ“ (прилог: „Контролирано кој ќе добие на тендерите во УЈП и во ЈСП“)
Управата за јавни приходи најостро ги демантира информациите изнесени на конференцијата за медиуми на Транспаретност Македонија и информациите објавени во прилогот во вестите на АЛФА ТВ „Контролирано кој ќе добие на тендерите во УЈП и во ЈСП“ ...
 
10.11.2010
Фискализација - Нови обрасци ИСК-03 и КДФИ-01
Ги информираме даночните обврзници дека во делот на фискализација пропишана е нова форма и содржина на обрасците Итна сметководствена книга/ ИСК-03 и Книга за дневни финансиски извештаи/ КДФИ-01. Новите обрасци се редизајнирани и поедноставeни согласно барањата и потребите на даночните обврзници и за користење на истите треба да ги следите следните чекори...
 
Страници: 


 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија