Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
Односи со јавност


Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.

За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.

 

Година Месец Тип на соопштение  

12.07.2010
Викенд контроли на УЈП - 51 спортска обложувалница не издавала фискални сметки или не поседувала лиценца
Во 13 градови и тоа: Тетово, Гостивар, Скопје, Куманово, Кавадарци, Велес, Гевгелија, Неготино, Прилеп, Ресен, Охрид, Битола и Струга, извршени се вкупно 420 контроли од кои во 51 објект даночните контролори констатирале дека спортсткото обложување се приредува без соодветна лиценца или готовинскиот промет не е регистриран преку фискален апарат, односно не се издавале фискални сметки.
 
08.07.2010
Добивката распределена за исплата на дивиденда нема да се оданочува
Со најновите измени и дополнувања на Законот за данокот на добивка („Службен весник на РМ” бр.85/2010), за исплатените дивиденди од 7 јули 2010 година ќе се применува “методот на изземање“ (principle of exemption), односно износот на делот од добивката кој што правното лице го распределува за исплата на дивиденди на правни лица – резиденти на Република Македонија НЕМА повеќе да подлежи на оданочување ...
 
15.06.2010
Побарај фискална сметка!
Доколку констатирате неправилности на фискалната сметка, или продавачот одбие да ви издаде фискална сметка, известете ја Управата за јавни приходи на бесплатниот телефонски број 198, кој е во функција секој ден, 24 часа. Во последните засилени контроли спроведени за време на викендот (12 и 13 јуни) во Скопје, мобилните екипи на УЈП од вкупно 29 контролирани објекти утврдија неправилности кај 14.
 
28.05.2010
Нова услуга! - Телефонско известување за даночен долг
Од 1 јуни, преку Повикувачкиот (Кол) Центар на УЈП, даночни оператори телефонски ќе ги известуваат даночните обврзници за износот на даночниот долг кој не е платен во законскиот рок. Новата услуга е во насока на зголемување на процентот на доброволна наплата на даноците и поголема информираност на даночните обврзници за износот на нивниот даночен долг.
 
27.05.2010
Нова публикација – Давање и примање на донации и спонзорства
Секогаш кога се остварува јавен интерес, а тоа е овозможено или поткрепено со донирање и спонзорство, даночните поттикнувања се посакувани. За постапката и начинот на давање и примање на донација, односно спонзорство, видовите на даночни поттикнување преземете ја новата брошура „Давање и примање на донации и спонзорства“.
 
Страници: 


 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија