Memorandum_mk
Односи со јавност


Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.

За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.

 

Година Месец Тип на соопштение  

11.11.2009
НОВО! Задолжително поднесување на Прилози кон Даночната пријава на ДДВ (образец “ДДВ-04“)
Со најновите измени на Законот за данокот на додадена вредност со примена од 11.11.2009 година, даночните обврзници кои се регистрирани за целите на ДДВ, како прилог кон Даночната пријава на ДДВ (образец ДДВ-04) за соодветниот даночен период, имаат обврска да поднесат и: 1. Периодичен финансиски извештај од одобрените фискални системи на опрема за регистрирање на готовински плаќања и 2. Периодичен извештај од банкарските сметки преку кои даночниот обврзник го остварува своето работење ...
 
06.11.2009
До 31 декември - Искористете го правото за “отпис на камати“
На даночните обврзници кои поднеле Барање за отпис на камата до УЈП, им преостанува уште краток период да ги искористат поволностите на оваа антикризна мерка. Во третиот период на плаќање на главниот долг и споредните даночни давачки, предвиден е отпис на 50% на каматите кои ги должи даночниот обврзник, доколку уплатата на главниот долг и споредните даночни давачки обврзникот ја изврши во периодот од 1 септември 2009 година до 31 декември 2009 година.
 
04.11.2009
Пријавување на приходи од капитални добивки - Највисок приход од капитални добивки во 2008 година
Граѓаните кои оствариле приходи од продажба на хартии од вредност, истите треба да ги пријават во УЈП најдоцна во рок од 15 дена од денот на нивното остварување. Најголемиот вкупен бруто приход од капитални добивки во 2008 година остварил граѓанин од Скопје и тоа 909 милиони денари ...
 
04.11.2009
Измени на Закон за ДДВ - Месечно враќање на ДДВ за инвестиции и задолжителна регистрација за ДДВ за остварен промет над 1,3 милиони денари
Со најновите измени на Законот за ДДВ се воведува повластена даночна стапка од 5% на првиот промет на станбени згради и станови; во делот на инвестициите, се дава можност на даночните обврзници за месечно враќање на ДДВ; се воспоставува нова обврска за задолжителна регистрација за цели на ДДВ за остварен вкупен промет над 1.300.000 денари во текот на календарската година; се прошируваат основите за службена дерегистрација на даночните обврзници за ДДВ од страна на Управата за јавни приходи ...
 
27.10.2009
Оданочување на приходи од кирија во случаи кога имотот се издава на физичко лице или на фирма
Доколку граѓанинот го издава под кирија имотот на фирма, односно како договорни странки се јавуваат физичко лице (закуподавач) и правно лице или самостоен вршител на дејност (закупец), обврска да го пресмета, задржи и плати персоналниот данок во име на граѓанинот има исплатувачот на приходот (киријата) т.е во овој случај фирмата или самостојниот вршител на дејност. За пресметаниот и платен „данок по одбивка“, правното лице односно самостојниот вршител на дејност е должен ...
 
Страници: 


 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија