Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.
За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.
23.09.2009
Во рамките на интензивната меѓународната соработка воспоставена помеѓу даночните власти на Р. Македонија и Р. Албанија, од 23 до 25 септември 2009 година во Тирана, се одржува Работнилницата – „Идните предизвици на даночните инспекторати“. Основната цел на Работилницата е конкретизација на мерките и активностите за заедничко делување на даночните инспекторати во наредниот период во насока на спречување и откривање на даночната евазија, но и размена на искуство во делот на ...
|
|
17.09.2009
Услугите на УЈП Регионална Дирекција Битола од денес се достапни и преку новоотворениот Даночен Шалтер Вевчани, кој ќе ги опслужува граѓаните на општина Вевчани.
|
|
17.09.2009
Ги информираме даночните обврзници дека поради дефект во електричната мрежа и напојувавање, услугите на УЈП - Регионалната Дирекција Скопје ќе се одвиваат отежнато, односно определени услуги, посебно во делот на електронска комуникација ќе бидат оневозможени до отстранување на дефектот. Од тие причини, ги упатуваме даночните обврзници сите видови обрасци (барања за издавање на уверенија и потврди, даночни пријави и сл.) кои ги доставуваат до Регионалната Дирекција Скопје да ги поднесуваат во Контакт Центарот на УЈП.
|
|
11.09.2009
По завршувањето на вториот рок (од 1 мај до 31 август 2009) за “отпис на каматите” на неплатените обврски за јавните давачки и споредните даночни давачки, Управата за јавни приходи отпиша 68,5 милиони денари камати на 300 даночни обврзници.
|
|
10.09.2009
Управата за јавни приходи ги известува граѓаните и даночните обврзници дека од 15 септември 2009 година, сите видови обрасци (барања за издавање на уверенија и потврди, даночни пријави и сл.) кои се доставуваат до Регионалните Дирекции може да ги поднесуваат и во Контакт Центарот на УЈП без разлика на местото на живеалиште на граѓанинот, односно местото на седиште на правното лице.
|
|