Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
Односи со јавност


Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.

За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.

 

Година Месец Тип на соопштение  

14.08.2009
Нови уплатни сметки за акциза за минерални масла
Ги известуваме даночните обврзници дека отворени се нови уплатни сметки за акцизи за минерални масла кои ќе можат да вршат уплата на акцизата и тоа ... Новите уплатни сметки, иако сеуште не се објавени во „Службен весник на Р.М.“, се оперативни и на истите можат да се вршат уплати.
 
31.07.2009
Нов образец “АКЦ-ММ“ - Акцизна пријава за минерални масла
Со најновите измени на Правилникот за спроведување на Законот за акцизите (објавен во „Службен весник на Р.М.“, бр.94/09 од 24.07.2009) е пропишана нова содржина на „Акцизната пријава за минерални масла“ (образец “АКЦ-ММ“). Промените во образецот се однесуваат на ставките за новите видови минерални масла ...
 
17.07.2009
Демант - “УТРИНСКИ ВЕСНИК“ (текст: “УЈП ја крие слабата наплата на даноците?“)
Во врска со текстот “УЈП ја крие слабата наплата на даноците?“ (објавен во “Утрински весник“, стр. 10, од 17 јули 2009) ја информираме јавноста дека ... во текот на вчерашниот ден/16.07.2009 година податоците за наплатата на даночните приходи и социјалните придонеси за 2-от квартал од 2009 година беа објавени од страна на Управата за јавни приходи и за истите јавноста беше информирана преку електронските и печатените медиуми, сметаме дека со изнесените невистини од страна на редакцијата на “Утрински весник“ се нанесува штета на институцијата и се доведуваат во заблуда читателите на весникот.
 
06.07.2009
Пријавување на приходи од кирии
Поради екот на летната сезона, ги потсетуваме граѓаните кои нудат туристички услуги за приватно сместување во туристичките центри во Македонија, како и граѓаните кои остваруваат приходи од издавање во закуп или подзакуп на простории за одмор и рекреација (викендици), како и станбени или деловни простории, земјиште, гаражи, опрема, превозни средства и други видови имот, дека истите треба да ги пријавaт во Управата за јавни приходи. Пријавувањето на приходите се врши во надлежната даночна канцеларија на УЈП во местото каде се наоѓа имотот кој се издава, со поднесување на даночна пријава (образец “ПДД-АДП/ПИ“) во рок од 15 дена од денот на започнувањето на остварувањето на приходите.
 
03.07.2009
Суспендирани даночни службеници поради користење на државен имот за приватни цели
По целосното испитување и завршување на постапката по поднесена анонимна пријава од граѓанин за непрофесионално однесување на вработени во УЈП, Единицата за професионални стандарди утврди дека даночни извршители од Регионална Дирекција Штип со службено возило Сеат Ибица, сопственост на УЈП, во работно време предвидено за извршување на работни задачи и обврски пренесувале кошници за пчели и извршиле пречекорување во користењето на државен имот за вршење на приватни работи.
 
Страници: 


 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија