Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
Односи со јавност


Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.

За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.

 

Година Месец Тип на соопштение  

28.05.2009
Нов клиентски софтвер и обврска за исправка на пресметките на плата за самовработените лица
Се известуваат даночните обврзници – самовработени лица дека, согласно најновите измени и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, поставен е нов клиентски софтвер кој секое самовработено лице треба да го превземе и да го користи за поднесување на пресметките за плата МПИН. Измените во клиентскиот софтвер се однесуваат на самовработените лица и само тие треба да го превземат истиот! Бидејќи измените на законот се применуваат ретроактивно од 1 јануари 2009 година, сите самовработени лица за изминатите месеци (јануари – април 2009 година) треба да поднесат исправка на веќе поднесените пресметки на социјални придонеси, односно МПИН образец со исправка.
 
27.05.2009
Годишен извештај на УЈП за 2008 година
Извештајот ги презентира најважните показатели и информации за даноците и резултатите на даночната администрација во изминатата 2008 година и претставува значаен извор за спроведување на анализи за економската и даночната проблематика во Македонија.
 
19.05.2009
Во викенд контролите на УЈП – Констатирани неправилности кај 54 објекти
Спроведени се вкупно 116 контроли на малопродажни, угостителско-трговски објекти и обложувалници, од кои кај 44 даночни обврзници инспекторите констатирале непочитување на Законот за регистрирање на готовинските плаќања, односно нерегистрирање на готовинскиот промет и неиздавање на фискални сметки, а кај 10 субјекти утврдено е дека нерегистрирано вршат дејност.
 
14.05.2009
Фискализација – Затворен 61 објект во Источна Македонија
Во рамките на спроведените засилени контроли во делот на фискализација и регистрирање на готовинските плаќања, мобилните екипи на Управата за јавни приходи извршија контрола во работењето на 209 даночни обврзници. Кај 64 објекти утврдени се неправилности, од кои за 61 изречена е мерка времена забрана за вршење на дејност од 30 дена.
 
29.04.2009
Од 1 Мај – во употреба нови контролни марки за обележување на алкохол и цигари
Со измените и дополнувањето на Правилникот за спроведување на Законот за акцизите (Службен весник на Р.М., бр. 53/09 од 23 Април 2009 година), од 1 мај 2009 година во употреба се пуштаат нови контролни марки (бандероли) за обележување на тутунски добра и алкохолни пијалоци.
 
Страници: 


 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија