Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31        
Recnik
Обрасци кои се поднесуваат во даден месец

ДАНОЧНИОТ КАЛЕНДАР е Ваш годишен потсетник за навремено поднесување на даночните пријави во законски предвидените рокови. Во календарот даден е преглед на даночните обврски и роковите во кои треба да ја поднесете Вашата даночна пријава по одделни видови даноци.
Доколку рокот до кога треба да се поднесе соодветната даночна пријава е Сабота, Недела или Државен празник, тогаш тој се поместува за првиот следен работен ден. Но, сепак би Ви препорачале даночните обврски да ги исполните пред навршувањето на крајните рокови прикажани во Kалендарот.

Јануари
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31        
Обрасци кои се поднесуваат во месец Јануари
Рок Образец Даночен обврзник Опис
до 10-ти во месецот   МПИН Работодавaчи Поднесете месечна пресметка за интегрирана наплата образец “МПИН” за задолжителни социјални придонеси и ПДД од плати за изминатиот месец.
до 15-ти Јануари   ПДД-И/ЗП Организатор на зелен пазар Tрговецот кој организира зелен пазар заради пресметување на персоналниот данок на доход за 2018 година е должен до УЈП да достави Извештај (образец "ПДД/ГИ-ЗП") до 15 јануари, за корисниците на продажните места на зелените пазари
до 15-ти Јануари   ДДВ-01Б Фирми и граѓани Ако вршите стопанска дејност и сте регистрирани за целите на ДДВ, можете по истекот на 5 години од почетокот на регистрацијата за ДДВ, да се дерегистрирате со поднесување на образец “ДДВ-01Б”, ако ги исполнувате законските одредби за дерегистрација/прекинување на регистрацијата.
до 15-ти Јануари   ДДВ-01 Фирми и граѓани Доколку сте обврзани или пак сакате доброволно да се регистрирате за целите на ДДВ, задолжително поднесете пријава за регистрација за ДДВ на образец “ДДВ-01”.
до 20-ти Јануари   ПДД-02 (со ГПРС) Фирми Ако набавите и воведете во употреба до 10 фискални системи на опрема за регистрирање на готовински плаќања, поднесете образец “ПДД-02”, заради користење на даночно олеснување од персонален данок на доход во Годишниот даночен биланс за персонален данок на доход (образец “ПДД-ДБ“).
до 20-ти Јануари   ДД-07 (со ГПРС) Фирми Ако набавите и воведете во употреба до 10 фискални системи на опрема за регистрирање на готовински плаќања, поднесете образец “ДД-07”, заради користење на даночно олеснување од данокот на добивка во Даночниот биланс за оданочување на добивка (образец “ДБ“).
до 25-ти Јануари   ДДВ-04 Фирми и граѓани Ако вршите стопанска дејност, регистрирани сте за целите на ДДВ и сте месечен или тримесечен даночен обврзник, задолжително поднесете даночна пријава на образец “ДДВ-04” по електронски пат преку е-Даноци http://etax.ujp.gov.mk
до 31-ви Јануари   ПДД-ГИ Фирми (исплатители) Поднесете го образецот “ПДД-ГИ” за сите остварени бруто приходи, пресметаниот и платениот персонален данок на доход и придонеси по одбивка и за вкупно исплатените нето приходи во претходната календарската година. Исто така, должни сте на обврзникот при секоја исплата да му издадете примерок од пресметката за аконтацијата на данокот и наплатените придонеси, како и збирен податок најдоцна до 25 јануари за вкупно платената аконтација во претходната година.
до 31-ви Јануари   ПДД-ГИ/ОЗП Фирми (исплатители) Поднесете образец “ПДД-ГИ/ОЗП“ за сите исплатени приходи при откуп на земјоделски производи од физички лица во претходната календарска година.
до 31-ви Јануари   ПДД-ПЗ Физички лица (земјоделци) Ако остварувате приходи од земјоделска дејност и вкупниот приход кој сте го оствариле во претходната календарска година не го надминува износот од 1.300.000 денари, поднесете Барање за паушално оданочување на остварени приходи од земјоделска дејност (образец “ПДД-ПЗ“). Барањето за паушално оданочување се поднесува секоја година. За прва регистрација или промена на податоци или дерегистрација на даночниот обврзник, во прилог на овој образец задолжително се поднесува и образецот “УЈП-РДО/З“.
до 31-ви Јануари   ПДД/ГИ-ЗП (важи до 31.01.2018) Организатор на зелен пазар Tрговецот кој организира зелен пазар е должен до УЈП да достави Годишен извештај (образец "ПДД/ГИ-ЗП") до 31 јануари, за корисниците на продажните места на зелените пазари во претходната календарска година.
до 31-ви Јануари   ПДД-ГИ/ОЦО Фирми (исплатители) Поднесете образец “ПДД-ГИ/ОЦО” за сите исплатени приходи при откуп на цврст отпад од физички лица во претходната календарска. Исто така, должни сте на обврзникот при секоја исплата да му издадете примерок од пресметката за аконтацијата на данокот, како и збирен податок најдоцна до 25 јануари за вкупно платената аконтација во претходната година.
 


© Управа за јавни приходи на Република Македонија