Memorandum_mk
(IOTA) Интра-европска организација на даночните администрации

Интра-Европската организација на даночни администрации (IOTA) е меѓународна организација која има за цел продлабочување на соработката и размена на искуства помеѓу 44 даночни администрации - членки на IOTA, преку присуство на семинари, работилници и средби на групи по одредени области.

Основната мисија на IOTA е обезбедување на форум за дискусија за практични прашања на даночните администрации, промовирање на соработка помеѓу даночните администрации во европскиот регион и поддршка на нивниот развој во согласност со нивните индивидуални потреби.

Цели:

  • Унапредување и зајакнување на соработката помеѓу IOTA земјите членки;
  • Поддршка на IOTA земјите членки во спроведувањето на своите развојни програми;
  • Идентификување на најдобрите практики;
  • Промовирање на ИОТА како професионална регионална организација на даночните администрации во соработка со други меѓународни и регионални организации.

Управата за јавни приходи од 1997 година е полноправна членка на Интра-европската организација на даночните администрации (IOTA).

Учество во активности и настани (форуми, конференции, регионални состаноци, работилници, ареа групи и сл.) во рамки на Годишната програма на ИОТА:

  • 2017 година - 17 вработени од УЈП учествуваа на 9 настани;
  • 2018 година - 20 вработени од УЈП учествуваа на 12 настани;
  • 2019 година - 18 вработени од УЈП учествуваа на 10 настани;
  • 2020 година – 23 вработени од УЈП учествуваа на 9 настани;
  • 2021 година – 83 вработени од УЈП учествуваа на 16 настани;
  • 2022 година – 17 вработени од УЈП учествуваа на 9 настани;
  • 2023 година -10 вработени од УЈП учествуваа на 6 настани.
 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија