Memorandum_mk
Преглед на образец
Биланс на приходи и расходи
Кратко име: Б
Тип на данок: Персонален данок на доход

Билансот на приходи и расходи (образец “Б”) го пополнува обврзникот на персоналниот данок на доход регистриран како трговец-поединец, како и физичко лице кое се занимава сo земјоделска дејност, со занаетчиска дејност и лице кое врши услуга или слободно занимање, а кој остварува приходи од самостојна дејност (приходите остварени од стопанската дејност, од давање професионални и други интелектуални услуги и од други дејности чија трајна цел е остварување на приходи).

Обрасците “Б” и “ПДД-ДБ” задолжително се поднесуваат до УЈП по електронски пат преку https://etax-fl.ujp.gov.mk/, најдоцна до 15 март во наредната година, како и до Централниот регистар на РМ.

Даночниот период за кој се утврдуваат вкупните приходи и вкупните расходи во работењето на даночниот обврзник е една календарска година.

Доколку даночниот обврзник вршел самостојна дејност за период пократок од една календарска година, за даночен период се смета периодот од годината во кој обврзникот работел.

Pdf_16   Превземи го документот  (58 KB)
 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Македонија