Memorandum_mk
Преглед на отворен повик

Листа на должници бр.01/2020 за долгови доспеани до 30.09.2019 и неплатени до 31.12.2019 година
Тип на отворен повик: Листа на должници Датум на објава: 10.01.2020 

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.01/2020 за долгови доспеани до 30.09.2019 и неплатени до 31.12.2019 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:

  1. повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и
  2. повисок од 300.000 денари за правните лица.

Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи согласно член 9 од Законот за даночна постапка.
Управата за јавни приходи без согласност на даночниот обврзник на својата веб страница може да објави податоци заради исправка на непотполни информации кои се објавени во Листата на должници.

Доколку даночниот обврзник не се согласува со објавените податоци, Ве молиме да се обратите до:

  • надлежната Регионална дирекција на УЈП (види контакт) - за објавените долгови по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход и придонеси од задолжително социјално осигурување;
  • Царинска управа на РСМ - Одделение за наплата на приходи, буџет, гаранции и анализа (тел.02/3293 978 или 02/3293 971) - за објавените долгови по основ на акцизи, царини и ДДВ при увоз.

На Листата на должници бр.01/2020 објавени се 1.995 должници - правни лица (помалку за 11 од претходната листа) и 2.515 физички лица (помалку за 8 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.01/2020 изнесува 10.006.432.444 денари, помалку за 29.965.041 денари од претходната листа. Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 9.853.974.560
денари (помалку за 22.578.811 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 152.457.884 денари (повеќе за 7.386.230 денари од претходната листа).

Document   08-227/1_ Листа на должници бр.01/2020_10.01.2020  (1020 KB)
 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија