Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Recnik
Потврда за состојба на неплатени даноци и придонеси

Поднесување на Барање

Поднесете Барање за издавање на потврда за состојба на неплатени даноци и придонеси од домашно / странско правно
лице, самостоен вршител на дејност или физичко лице (образец УЈП-УН-3.2-25) во писмена форма до надлежната даночна канцеларија.
Доколку сакате барањето да го поднесете електронски преку http://etax.ujp.gov.mk, потребно е да бидете регистрирани во системот за е-Даноци.

Административна такса

За издавање на Потврда за состојба на неплатени даноци и придонеси, предвидено е плаќање на административни такси во вкупен износ од 50,00 денари.
Административната такса може да ја платите на уплатница Налог ПП 50 или преку мобилен телефон со праќање на СМС порака (систем eNAPSYS) на бројот 144 166 со текст „TM Ime Prezime Iznos„. По праќањето на пораката повратно добивате Трансакциски код (кој се состои од 10 бројки), во кој случај во Барањето задолжително го наведувате трансакцискиот код.

Прилози кон Барањето

Кон Барањето треба да ги приложите следните прилози:

  • Доказ за извршена уплата на административна такса, со налог ПП 50 или трансакциски код преку мобилен телефон
  • Полномошно - доколку барањето го поднесувате како овластено лице/полномошник на даночниот обврзник
  • Решение за наследување - доколку барањето го поднесува граѓанин/физичко лице како законски наследник на даночниот обврзник
  • Дозвола за престој - доколку барањето го поднесува странско физичко лице со дозвола за престој во РМ

Доколку барањето УЈП-УН-3.2-25 го поднесувате во писмена форма, прилозите се приложуваат кон Барањето.
Доколку барањето го поднесувате по електронски пат, прилозите скенирани се прикачуваат кон барањето како прилог.

Доколку кон Барањето не ги приложите потребните докази, ќе се смета дека барањето има формални недостатоци.

Барање со формални недостатоци

Како формален недостаток се смета доколку во Барањето УЈП-УН-3.2-25 не се наведени податоците за идентификација, не е означен ниту еден основ за поднесување на барањето, доколку се означени повеќе основи, доколку немате приложено доказ за извршена уплата на административна такса или немате наведено трансакциски код за плаќање со СМС порака, немате приложено полномошно, решение за наследување или дозвола за престој (во случаите кога барањето го поднесува граѓанин/физичко лице) или доколку барањето не е потпишано.

Доколку вашето Барање има формални недостатоци, УЈП ќе ви достави Известување за формални недостатоци на поднесок, со кое ќе се побара во определен рок да ги отстраните формалните недостатоци.
Известувањето ќе ви биде доставено по пошта на вашата адреса наведена во Барањето (доколку сте го поднеле во писмена форма) или на вашата е-пошта доколку Барањето сте го поднеле по електронски пат.

Доколку барањето сте го доставиле електронски, по отстранување на формалните недостатоци преку http://etax.ujp.gov.mk поднесете ново барање. Во новото барање чекирајте го полето “Исправка“ и пополнете го архивскиот број на првоподнесеното барање. За новото барање не треба да уплатите административна такса.

Доколку формалните недостатоци не ги отстраните во дадениот рок, УЈП ќе донесе Решение за отфрлање на поднесок. Решението ќе ви биде доставено по пошта на вашата адреса наведена во Барањето, односно на вашата е-пошта доколку Барањето сте го поднеле по електронски пат.

Издавање на Потврда за состојба на неплатени даноци и придонеси

УЈП ќе издаде Потврда за состојба на неплатени даноци и придонеси во која ќе ги наведе износите на сите видови пријавени, неплатени обврски за даноци, придонеси и други давачки за кои е надлежна УЈП (РДТ и глоби за даночни прекршоци) со состојба на денот кога се издава Потврдата, според податоците даночната евиденција на УЈП.
Потврдата ќе ви биде доставена по пошта на вашата адреса наведена во Барањето доколку сте го поднеле во писмена форма. Доколку Барањето сте го поднеле по електронски пат, Потврдата ќе ви биде доставена скенирана на вашата е-пошта, а на ваше барање примерок од Потврдата ви се доставува и во хартиена форма.

Случаи кога УЈП нема да издаде Потврда за состојба на неплатени даноци и придонеси

Управата за јавни приходи ќе издаде Потврда за статус на даночен обврзник, доколку утврди дека лицето не е даночен обврзник, нема пријавено остварени приходи по било кој основ и поради тоа нема даночни обврски.
Потврдата ќе ви биде доставена по пошта на вашата адреса наведена во Барањето, односно на вашата е-пошта доколку Барањето сте го поднеле по електронски пат.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија