Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
      1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28        
Recnik
Уверение за остварени приходи

Основи за издавање на Уверение за остварени приходи

Управата за јавни приходи издава Уверение за остварени приходи за физички лица, по следните основи:

  • за остварување на социјална помош
  • за постојана парична помош
  • за еднократна парична помош
  • за воена помош
  • за детски додаток
  • за студентски кредит, стипендија
  • за сите видови на семејни пензии
  • за сместување во социјални установи
  • за пред Фондот за здравство
  • за пред Агенцијата за вработување
  • за усвојување на дете и поставување на старател
  • по друг основ

Поднесување на барање

Поднесете Барање за издавање на уверение за остварени приходи од домашно/странско физичко лице (образец УЈП-УН-3.2-21) во писмена форма до надлежната даночна канцеларија.
Доколку сакате барањето да го поднесете електронски преку http://etax.ujp.gov.mk, потребно е да бидете регистрирани во системот за е-Даноци.

Во полето “Период“ означете за која година/и барате да ви се издаде Уверение за остварени приходи.

Административна такса

Уверението за остварени приходи е ослободено од плаќање административни такси доколку се издава по било кој од основите кои се екплицитно наведени во Барањето.
Доколку уверението ви е потребно по “друг основ“, кој не е експлицитно наведен во барањето, потребно е да извршите увид во член 15 и 18 од Законот за административни такси дали истото е ослободено од административни такси. Доколку не е, таквото уверение ќе биде таксирано со административна такса од 100 денари, односно:

  • 50,00 денари за барањето; и
  • 50,00 денари за уверението.

Административната такса може да ја платите на уплатница Налог ПП 50 или преку мобилен телефон со праќање на СМС порака (систем eNAPSYS) на бројот 144 166 со текст „TM Ime Prezime Iznos„. По праќањето на пораката повратно добивате Трансакциски код (кој се состои од 10 бројки), во кој случај во Барањето задолжително го наведувате трансакцискиот код.

Прилози кон барањето

Кон Барањето треба да ги приложите следните прилози:

  • Доказ за извршена уплата на административна такса, со Налог ПП 50 или трансакциски код преку мобилен телефон
  • Полномошно - доколку барањето го поднесувате како овластено лице/полномошник на даночниот обврзник
  • Решение за наследување - доколку барањето го поднесувате како законски наследник на даночниот обврзник
  • Дозвола за престој - доколку сте странско физичко лице со дозвола за престој во РМ

Доколку барањето УЈП-УН-3.2-21го поднесувате во писмена форма, прилозите се приложуваат кон барањето.
Доколку барањето го поднесувате по електронски пат, прилозите скенирани се прикачуваат кон барањето како прилог.

Доколку кон Барањето не ги приложите потребните докази, ќе се смета дека барањето има формални недостатоци.

Барање со формални недостатоци

Како формален недостаток се смета доколку во Барањето УЈП-УН-3.2-21 не се наведени податоците за идентификација, не е означен ниту еден основ за поднесување на барањето, доколку се означени повеќе основи, доколку немате приложено доказ за извршена уплата на административна такса или немате наведено трансакциски код за плаќање со СМС порака, немате приложено полномошно, решение за наследување или дозвола за престој (во случаите кога тоа е потребно) или доколку барањето не е потпишано.

Доколку вашето Барање има формални недостатоци, УЈП ќе ви достави Известување за формални недостатоци на поднесок, со кое ќе се побара во определен рок да ги отстраните формалните недостатоци.
Известувањето ќе ви биде доставено по пошта на вашата адреса наведена во Барањето (доколку сте го поднеле во писмена форма) или на вашата е-пошта доколку Барањето сте го поднеле по електронски пат.

Доколку барањето сте го доставиле електронски, по отстранување на формалните недостатоци преку http://etax.ujp.gov.mk поднесете ново барање. Во новото барање чекирајте го полето “Исправка“ и пополнете го архивскиот број на првоподнесеното барање. За новото барање не треба да уплатите административна такса.

Доколку формалните недостатоци не ги отстраните во дадениот рок, УЈП ќе донесе Решение за отфрлање на поднесок. Решението ќе ви биде доставено по пошта на вашата адреса наведена во Барањето, односно на вашата е-пошта доколку Барањето сте го поднеле по електронски пат.

Издавање на уверение за остварени приходи

УЈП ќе издаде Уверение за остварени приходи во која ќе ги наведе износите на сите видови остварени приходи во годината за која се издава Уверението, според податоците од вашето годишно решение за данок на доход донесено од страна на УЈП.

Доколку не се согласувате со податоците за остварените приходи наведени во Уверението, ќе може да се обратите до надлежната канцеларија на УЈП во рок од 3 (три) дена од добивање на истото.

Уверението ќе ви биде доставено по пошта на вашата адреса наведена во Барањето доколку сте го поднеле во писмена форма. Доколку Барањето сте го поднеле по електронски пат, Уверението ќе ви биде доставено скенирано на вашата е-пошта, а на ваше барање примерок од Уверението ви се доставува и во хартиена форма.

Случаи кога УЈП нема да издаде Уверение за остварени приходи

Управата за јавни приходи ќе издаде Потврда за статус на даночен обврзник, доколку утврди дека лицето не е даночен обврзник, нема пријавено остварени приходи по било кој основ и поради тоа нема даночни обврски.
Потврдата ќе ви биде доставена по пошта на вашата адреса наведена во Барањето, односно на вашата е-пошта доколку Барањето сте го поднеле по електронски пат.

 


© Управа за јавни приходи на Република Македонија