Memorandum_mk
Правна рамка

Правната рамка за работењето на УЈП, општото даночно право и даночната управна постапка се дефинирани во два акта – Законот за Управата за јавни приходи и Законот за даночна постапка.

Законот за Управата за јавни приходи донесен во Септември 2005 година со измените и дополнувањата во Март 2014 година, претставува правна рамка која го одредува делокругот, начинот на финансирање, организацијата и раководењето, како и должностите, овластувањата, одговорностите, но и правата на вработените при собирањето, евидентирањето, обработката и заштитата на податоците во врска со работите на УЈП.
Со измените на Законот во 2014 година, се овозможи: класификација на сите работни места, со што се утврдија различните нивоа на работни места и звања на даночните службеници и потребните квалификации и компетенции; „интерниот конкурс“ како начин на остварување на унапредувањата; утврдување на начинот на оценување на вработените, доделувањето на награди и признанија, дисциплинската одговорност и следењето на напредокот во кариера.

Со Законот за даночна постапка донесен во Јануари 2006 година и со измените и дополнувањата во следните години, на единствен начин се регулира: општото даночно право, постапката на утврдување на данокот, постапката на контрола, постапката на наплата на јавните приходи, правата и обврските на даночните обврзници, постапката по жалба, водењето на прекршочната постапка и прекршочните одредби.

Со наведената правна рамка се обезбедува можност за засилување на административниот капацитет за спроведување на законодавството и за борба против одбегнување на плаќање даноци.

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Македонија