Memorandum_mk
Мисија и визија

МИСИЈА...

Да обезбедиме праведна и ефикасна наплата на даноците и другите јавни давачки со висок степен на доброволна усогласеност на даночните обврзници при исполнување на даночните обврски, преку едноставни даночни постапки и дигитализирани услуги за помош и поддршка на даночните обврзници за навремено и точно исполнување на обврските.

       

ВИЗИЈА...

Да создадеме модерен лик на даночната администрација, која ќе обезбеди правично, транспарентно и кооперативно опкружување за даночните обврзници и службеници, поттикнувајќи доверба и севкупен напредок. Со дигиталната трансформација како стратешка алатка за раст и развој, УЈП ќе воведе иновативни пристапи во управувањето со ресурсите, информациите и процесите. Интеграцијата на нови технологии ќе овозможи ефикасно мобилизирање на даночните приходи како клучен извор на државните финансии.

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија