Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31        
Recnik
Оданочување според паушално утврден нето-приход

Обврзници кои може да се оданочуваат според паушално утврден нето приход

Обврзниците кои поради определени околности:

  1. не се во состојба да водат деловни книги
  2. водењето на деловните книги им го отежнува вршењето на дејноста
  3. кои не вработуваат други лица
  4. во чија дејност не вложуваат и други лица и
  5. остваруваат нето годишен приход од вршење на дејност до две просечни годишни плати

имаат право да поднесат Барање за паушално утврдување на данокот (образец “ПДД-П“) до Управата за јавни приходи и данокот од доход за приходите од вршење на дејност да го плаќаат според паушално утврден нето приход.

Рокови за поднесување на Барањето за паушално плаќање на персоналниот данок на доход

Обврзникот секоја година поднесува Барање за паушално оданочување (образец “ПДД-П“) до даночната канцеларија на УЈП или преку системот е-Персонален данок e-pdd.ujp.gov.mk:

  • најдоцна до 31 декември во годината која и претходи на годината за која се врши утврдување на данокот; или
  • во рок од 15 дена од денот на регистрација во надлежен регистар; или
  • пред отпочување на вршење на дејноста.

Паушално оданочување не се признава за:

  1. обврзникот кој врши трговска, угостителска и комисиона дејност (освен обврзникот кој врши трговска дејност исклучиво преку продажни места на организираните зелени пазари);
  2. кој вработува други лица;
  3. во чија дејност вложуваат и други лица и
  4. чиј нето приход во годината која и претходи на годината за која се врши утврдување на данокот е повисок од две годишни просечни плати.

Ако Управата за јавни приходи утврди дека престанале условите поради кои на обврзникот му е признаено правото данокот да го плаќа според паушално утврдениот нето приход, ќе треба да го задолжи да води деловни книги.

Пресметка на аконтација на персоналниот данок на доход

Управата за јавни приходи врши пресметка на аконтација на персоналниот данок на доход за приходи од вршење на самостојна дејност кои се оданочуваат според паушално утврден приход.
Управата за јавни приходи пресметката на аконтација на персоналниот данок на доход за приходите од самостојна дејност ја врши по поднесено Барање (образец “ПДД-П“) од даночниот обврзник и според критериуми за утврдување на паушален приход согласно Законот за персоналниот данок на доход.

 


© Управа за јавни приходи на Република Македонија