Memorandum_mk
Враќање (поврат) на данокот на додадена вредност

Доколку претходниот данок во одреден даночен период е поголем од износот на данокот кој е пресметан за прометот, разликата му се враќа на даночниот обврзник врз основа на негово барање искажано во даночната пријава.

Доколку даночниот обврзник не искаже такво барање, разликата се пренесува како аконтација во следниот даночен период.

Рокот за враќање на данокот е 30 дена по денот на поднесување на даночната пријава.

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија