Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
Плаќање со цесија

Исплатата на платата може да се изврши и со склучен Договор за цесија. За истото потребно е да се исполнат следните услови:

  • обврзникот за пресметка и уплата да има поднесено МПИН;
  • да има добиено фолио;
  • по истото да нема извршено плаќање;
  • да постои побарување на обврзникот за пресметка и уплата од друг обврзник, кое е поголемо или еднакво со долгот што тој го има кон УЈП;
  • да има склучен Договор за цесија.

Обврзникот за пресметка и уплата склучува Договор за цесија со негов должник, со што тој прифаќа да ја плати обврската за придонеси, персонален данок и да ја исплати платата за негова сметка.

Договорот за цесија и првично добиената Декларација за прием со фолио број, обврзникот за пресметка и уплата ги доставува до УЈП.

По извршената обработка обврзникот за пресметка и уплата добива нова декларација при што по извршеното плаќање по истата обрзникот потребно е да ја достави на увид во УЈП за заверка на Договорот за цесија.

 


© Управа за јавни приходи на Република Македонија