Управата за јавни приходи на 13 и 14 февруари 2007 година изврши 768 контроли на даночни обврзници за фискализација односно почитување на обврските кои произлегуваат од Законот за регистрирање на готовински плаќања.
При контролите кои беа спроведени во повеќе градови изминатите два дена, инспекциските служби на УЈП, констатираа дека 82 даночни обврзници не употребуваат односно немаат фискален апарат. Врз основа на констатирана состојба, УЈП им изрече покана за мандатни казни на 72 правни субјекти и на 74 одговорни лица на правните субјекти кои не постапиле согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања.
Поради непочитување на законските одредби и кршење на законот, Управата на 63 деловни субјекти им изрече и мерка времена забрана за работа во период од 30 дена.