Memorandum_mk
Преглед на образец
Барање за враќање на повеќе или погрешно наплатен данок
Кратко име: УЈП-УН-З.2-39/2
Тип на данок: Сите јавни давачки

Обврзникот може да поднесе Барање УЈП-УН-З.2-39, доколку платил поголем износ од оној кој бил должен да го плати, доколку по грешка уплатил данок или споредна даночна давачка иако немал обврска за тоа, и доколку платил данок, но подоцна е ослободен од обврската за плаќање на истиот.

Барањето се поднесува во писмена форма до надлежната даночна канцеларија на УЈП според местото на седиште/живеалиште на даночниот обврзник или по електронски пат преку https://etax-fl.ujp.gov.mk

Согласно член 122-а од Законот за даночна постапка, враќање на повеќе или погрешно уплатен или наплатен данок, како и споредни даночни давачки не може да се бара доколку истекол рокот на застарување. Рок на застареност изнесува пет години сметано од уплатата, а во секој случај по истекот од десет години застарува враќањето на повеќе и погрешно уплатениот или наплатен данок.

Pdf_16   Барање за враќање на повеќе или погрешно наплатен данок  (260 KB)
 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија