Memorandum_mk
Мислења Данок на додадена вредност (ДДВ)

Прашањата поставени од даночните обврзници и мислењата дадени од УЈП се прикажани во нивната изворна форма. Мислењата на УЈП се засноваат на одредбите од Законот за данокот на додадена вредност (ЗДДВ), но истите не претставуваат толкување на законот, од причина што надлежен орган за давање на овластено толкување на закони е Собранието на Република Северна Македонија. Доколку мислењата се од претходни години, потребно е да се има во предвид дека може да има измени во одредбите и треба да се провери дали истите наведени во мислењето се уште се во сила. Доколку има промени во одредбите на законските и подзаконските акти врз кои се базира одредено мислење, истото повеќе не е применливо во тој дел или во целост.

  1. Ме интересира, за лице вработено во редовен работен однос во земјава и е нејзин резидент и државјанин но кој остварува дополнителен приход од странска компанија со која нашата држава нема склучено договор за избегнување на двојно оданочување како што се (САД;Сингапур и Јапонија). За работа од далечина каде што данокот е платен во странство а ПДД е кај нас 10%, колку јас треба да платам данок тука ако годишниот приход надминува 2.000.000 денари годишно остварен од странската компанија. Сакам конкретен одговор. Имам договор со компанијата за вршење маркетинг услуги со кои дел од остварениот приход во странската компанија би го добил јас на моја сметка тука но со платен данок таму, што значи и услугите и оставрените средства се остваруваат во странство.
    Како математички се пресметува износот и колку јас ќе бидам одданочен тука?
    Дали има лимити или прогресии?

    »»» ОДГОВОР

  2. Ве молиме за Ваше мислење во врска со пренесен данок на додадена вредност по член 32а.
    Наш клиент е правно лице - даночен обврзник регистриран за ДДВ - којшто е подизведувач на проект за приватен ветерен парк во РСМ. Заедно со други подизведувачи, нашиот клиент пружа услуги на главниот изведувач (исто така регистриран даночен обврзник) кој пак има склучено договор со крајниот инвеститор на проектот. Во рамките на проектот, услугите коишто нашиот клиент ќе ги пружа се монтирање и инсталација на делови на ветерни турбини. Нашиот клиент ги монтира односно со помош на механизација (кранови) и со квалификувана работна сила, ги инсталира деловите од кои се составени ветерните турбини. Според правилникот, овој тип услуга спаѓа во Одлуката за услуги за кои се применува членот 32а со пренесување на даночната обврска, тоа е јасно, но она што не интересира е дали истиот пристап би се користел ако фирмата, во рамките на истиот проект, треба на својот клиент да му фактурира и превозни услуги или складишнина за одредени делови кои ги транспортира/складира а кои понатаму ќе се инсталираат во турбините?
    Согласно горенаведеното, Ве молиме за мислење дали услугите на превоз/транспорт и складирање на такви делови спаѓаат под Oдлуката односно дали за овие услуги даночен должник е обврзникот кон кого е извршен прометот или важат правилата од член 6 од ЗДДВ, ако се знае дека се за потребите на истиот проект.
    Ви благодараме однапред за брзиот одговор.

    »»» ОДГОВОР

  3. Почитувани,

    Ве замолуваме да ни дадете соодветен одговор за следново прашање: Во кој случај може да се поврати ДДВ од купување патничко возило?
    Ви благодариме однапред,

    »»» ОДГОВОР

  4. Почитувани,

    Фирма откупува половни мобилни телефони од физички лица и истите ги продава.Дали на излезната ф-ра треба да пресмета ДДВ на целиот износ или само на разликата од набавната до продажната?
    »»» ОДГОВОР

  5. Почитувани,

    Бараме Ваше мислење во врска со вложувања како оснивачки влог во друга фирма,било да е постоечка или новоформирана кога едно друштво вложува непаричен волг без надомест ,било да е подвижен или недвижен имот, дали тоа вложување се смета како промет и дали истото подлежи на оданочување со ДДВ.
    »»» ОДГОВОР

  6. Почитувани,

    Ме интересира следново
    Правно лице- Адвокат кој НЕ Е ДДВ ОБВРЗНИК има возило во своја сопственост( кое што го стекнал пред 3 месеци по пат на лизинг кој што го плаќал 3 години). Дали доколку го продаде возилото средствата примени на име купопродажба на возилото се даночна основа заедно со прометот остварен од адвокатски услуги за да правното лице стане ДДВ ОБВРЗНИК?
    Во телефонски разговор дополнето е прашањето: Возилото кое го продава е на име на правното лице.

    »»» ОДГОВОР

  7.  Почитувани,

    Ве молам за толкување на член 34 од ЗДДВ.
    Според овој член право на одбивка може да се оствари врз основа на фактура или фискална сметка чиј вкупен промет не надминува 6.000 ден. издадена согласно Законот за регистрирање готовински плакања. Согласно Законот за готовински плакања плакањето со платежна картичка се смета за готовинско плакање при што се издава фискална сметка. Дали ако се плати со платежна картичка и се добие фискална сметка над 6.000 ден. и слип може да се одбие ддв?
    Дополнување на прашање:Дали ке се оствари правото на одбивка ако кон фискалната сметка е приложена сметкопотврда или др. документ за прометот?
    Благодарам за одговорот
    »»» ОДГОВОР

  8. Почитувани,

    Во текот на 2022 година имав договор за закуп на недвижен имот. Еден дел од закупнината за 2022 е исплатен во Јануари 2023. На фолиото за исплата е наведено дека се работи за период од 2022.
    Дали таа сума исплатена во 2023 за договор од влегува во вкупна сума според која физичко лице може да биде регистрирано како ДДВ обврзник?
    Ве молам за конкретен одговор што е можно побрзо.

    »»» ОДГОВОР

  9. Почитувани

    Дали кога имаме фирма, поточно кујна за самопслужување на готвена храна за вработени во фирма, кога вработените сами си ја подигаат храната од шанокот, нема келнери, и јадат во истата кујна каде има поставено маси и столови за седење, ќе се плаќа 5% или 10% ДАНОК
    Однапред Ви благодарам
    »»» ОДГОВОР

  10. Почитувани

    Градежна Фирма гради куќа на физичко лице со договор клуч на рака. Излезното ДДВ со која даночна стапка ќе биде 18% или 5%?
    »»» ОДГОВОР

  11. Почитувани,

    Ве молам за мислење, дали набавката и лепење на тапети на нов објект спаѓа под член 32А согласно член 2 точка 16 (службен весник 160 од 2016 год.) од одлуката за определување на добрата и услугите за кои даночен должник е даночниот обврзник кон кого е извршен промет од страна друг даночен обврзник.
    »»» ОДГОВОР

  12. Почитувани,

    Да Ве замолам за информација, дали при фактурирање на продажба и вградување на машина за перење на садови и вграден фрижидер може да се примени член 32-а од Закон за ДДВ, односно дали се вклучени точката вградување на готови кујни?
    »»» ОДГОВОР

  13. Почитувани,

    Ве молам за информација дали за трошокот за набавка на галони вода во правното лице за пиење може да се користи влезното ДДВ?
    »»» ОДГОВОР

  14. Би сакале да ве прашаме, фирма до крајот на 2023 година работела друга дејност според законот во Република Северна Македонија.Во 2024 е отворена подружница со друга дејност конкретно рента кар услуги , фирмата ги завршила сите потребни процедури аплицирала и му е одобрено да си ги земе колите. Но фирмата која ни ги продава во конкретниот случај xxxxxxxx не може да фактурира кон подружницата но ќе фактурира кон главната дејност.
    Прашање
    Дали ова би преставило проблем за повратот на ддв?

    »»» ОДГОВОР

  15. Имаме прилив на наменски финансиски средства од Агенција за филм на РМ, по Договор за долгометражен филм над 2.000.000 ден. Дали треба да се регистрираме за ДДВ?
    Ако е потребно да се регистрираме ве молам известете не, за да поднесеме ДДВ-01 образец најкасно до 15.01.
    Благодарам,

    »»» ОДГОВОР

  16. Почитувани,
    прашање во врска со фактурирање на промети на кои се применува механизмот на пренесување на даночна обврска (reverse charge механизмот).
    издавач на фактура е фирма дооел која е ддв обврзник, истата фактурира-изведба на покривни конструкции каде примател на промет е фирма ддв обврзник.
    дали треба да се примени член 32-а став 2 од законот за додадена вредност и во овие два случаи:
    1. во случај кога се фактурира изведба на покривни конструкции и тоа само услуга без вграден материјал (материјалот го купува нарачателот од друга фирма)
    2. во случај кога се фактурира изведба на покривни конструкции
    и тоа услуга и набавен материјал од страна на изведувачот кој е вграден при извршување на услугата.
    ве молам да ми одговорите за двата случаи одделно.
    »»» ОДГОВОР 

  17. Почитувани

    Би сакале да добиеме мислење од Ваша страна односно Информација за ситуацијата со која се соочуваме, се работи за предмет во кој ние како Финансико Друштво се јавуваме како Доверител од една страна а Другото правно лице Х се јавува како Должник, истите имаат заложен половен автомобил - патничко моторно возило со ознака М1 залогот е склучен на 2021 година. Поради ненавремена и нецелосна отплата на долгот предметот е пуштен на Извршител и закажана е лицитација за продажба на колата во текот на овој месец
    Би сакале да добиеме информација дали извршителот е должен при продажбата на колата односно во продажната цена да искажи и пресмета Данок на Додадена Вредност со оглед на фактот дека предметиот залог и продажба е половен автомобил.

    »»» ОДГОВОР

  18. Ве молам за мислење за следново прашање
    Градиме станбен објект со класификација на намена и добрение за градба А4.7 - традиционални куќи за потреба на туризмот (селски,планинински и езерски) .
    Во случај на отуѓување-продажба на становите-апартмани со која даночна стапка би се оданочувале истите.
    Дали со 5% или со 18%.

    »»» ОДГОВОР

  19. Ве молам за Ваше мислење за една ситуација поврзана со новите измени за ДДВ.
    Фирмата А, која е македонска фирма,вози во Белгија и таму користи гориво и патарини. Фирма Б и дава картички на фирмата А за да може да плаќа за горивото и патарините. Фактурите за горивото и патарините гласат за фирма Б, која е исто така македонска фирма, и таа ги плаќа тие фактури и потоа издава фактури до фирмата А. Фирмата Б врши рефактурирање на фирмата А. До сега тие фактури беа без ДДВ.
    Какво е Вашето мислење, дали со новите измени фактурата од фирма Б до фирма А треба да биде со или без ДДВ? Да напоменам дека сите вклучени фирми се ДДВ обврзници.

    »»» ОДГОВОР

  20. На ниво на групација започнавме проект во договор со поврзана фирма од Германија. За потребите на проектот беа набавени материјали кои требаше да се искористат вградаат во готовиот производ.
    Оваа година на менаџерско ниво беше одлучено дека проектот ќе биде стопиран и погонот кај нас затворен. Одлуката која беше донесена од страна на менаџерите беше материјалите кои се останати на залиха и не се искористени да се уништат ,отпишат и предадат на отпад. Се работи за електро материјали (склопки, осигурувачи и сл) кои се застарени, и по нивното уништување ќе бидат предадени на фирма која превзема електричен отпад.
    За да ни ја надоместат штетата беше одлучено да им пратиме вредност на поврзаната фирма во Германија за надомест на трошоците со што би не обесштетиле. Со цел да не се прават дополнителни трошоци за транспорт до Германија материјалите ќе бидат уништени кај нас и дадени во отпад кај нас, а поврзаната фирма од Германија ќе ги надомести сите трошоци поврзани со отписот.
    Ве молам за мислење за даночниот третман на отписот, дали треба да пресметуваме ДДВ.

    »»» ОДГОВОР

  21. Почитувани,

    Дали треба да се регистрира за ДДВ адвокат кој остварува домашен промет кој не надминува 2.000.000., но исто така остварува и промет од странство кој што е ослободен од ддв и како вкупен промет го надминува прагот од 2.000.000.
    »»» ОДГОВОР

  22. Почитувани,

    Прашањето е за евидентирање на капар на фикскална каса
    Како се евидентира на касата?
    Во кој период треба да се затвори капарот, што ако периодот е во две различни фискални години?
    Со која стапка на ДДВ треба да се евидентира?
    Дали потоа се сторнира и се издава фискална сметка со точен и целосен износ ?

    »»» ОДГОВОР

  23. Ве молам за мислење во врска со жирално плакање за претплата од странство за интернет услуги, дизајн, и хостинг преку Atlasian, Google, Linode, Facebook, Mikrosoft... бидејки фирмата што ги користи услугите е ддв обврзник дали треба да пресметаме ,истакнеме ддв по член 32-4 од законот за ддв во даночната пријава .
    »»» ОДГОВОР

  24. Почитувани, Ве молам за следната консултација:
    Компанија склучува договори за подарок и подарува станови на вработени лица кои воедно и се деца на сопствениците на компанијата. Ве молам за насока дали овие станови подлежат на ДДВ?

    »»» ОДГОВОР

  25. Почитувани,

    Друштво регистрирано како даночен обврзник за цели на ДДВ во Република Северна Македонија, која е во режимот на ДБ за цели на оданочување со данок на добивка, врши набавки во текот на годината, а кои се однесуваат на клупи и маси кои се поставени дворот на субјектот. Се работи за клупи и маси кои вработените ги користат за одмор за време на пауза. Истите Друштвото ги евидентира како основни средства. Ве молиме да ни дадете одговор за даночниот третман за овие набавки и тоа: Дали за овие набавки Друштвото има право да го одбие претходниот ДДВ?
    »»» ОДГОВОР

  26. Почитувани,

    Имаме фирма која за своите вработени секојдневно нарачува храна од разни места и од истите добива или ф-ра или се плаќа преку картица (немаме склучено договор за носење на храна за вработените).
    Храната се конзумира во посебна просторија во фирмава.
    Фирмата не е ддв обврзник бидејки прометот (член 14) е со странство и секоја година фирмава кога ке надмине 2 милиони денари УЈП ја одбива по основ дека прометот кој го имаат е неоданочив промет од аспект на ДДВ.
    Ве молам како да постапиме од апсект на ДДВ.

    »»» ОДГОВОР 

  27. Почитувани,

    Ве замолувам за одговор на следново прашање.
    -Дали прометот на физичко лице остварен од закуп во странство, се зема во предвид како промет со кој физичкото лице може да стане ДДВ обврзник?

    »»» ОДГОВОР

  28. Ве молам за одговор дали може да се фактурира по Член 32А само за услуга Монтажа и поставување на кабли за компјутерска мрежа, кабелска телевизија и оптички кабел кадешто сите кабли претходно се веќе набавени од страна на инвеститорот.Ние треба да извршиме услуга само монтажа на тие кабли.
    Се работи за 2 различни објекти во градба - Зграда со станови за живеење и објект Магацин и Индустриска хала за производство. Какво е вашето мислење за ова ? Дали може да се фактурира по Член 32а оваа услуга?

    »»» ОДГОВОР

  29. Почитувани,

    Ве молам за информација, имаме влезна фактура по член 32а за која немаме право на одбивка. Во кои полиња од ДДВ пријавата треба да се пополнат износите од фактурата? И каде може да се информираме повеќе околу овој дел?
    »»» ОДГОВОР

  30. Почитувани,

    Дали наша фирма што прави услуги во странство како што е менаџирање на социјални медии, уредување на ВЕБ портали и графички решенија на нивните портали треба да се пријават за ДДВ обврзник ако надминат 2.000.000? Станува збор за странски правни и физички лица корисници на овие услуги.
    »»» ОДГОВОР

  31. Почитувани,

    Ве молам за ваше мислење за да постапам правилно
    Дали треба да фактурирам по член 32 или со пресметан ДДВ Оградување на дворно место на објект Погон за слатки и Административна зграда со профили и пластифициран лим.
    Однапред Ви благодарам.
    »»» ОДГОВОР

  32. Ве контактираме во врска за ДДВ пријава.
    Фирма има поднесено барање за регистрација за ДДВ во Септември.
    Решението од УЈП е донесено во 10 месец,2024, и пишува дека
    Прв даночен период е 01-07-2024 - 30-09-2024
    Датум на регистрација за ДДВ од кога пресметува ДДВ 23,08,2024.

    Решението сме добиле преку пошта во декември,2024.
    1. Прашањето е дали треба да доставиме пријава за првиот даночен пероиод според решението имајќи во предвит дека рокот е поминат?
    2. Ако има една фактура напраено со ДДВ пред 23,08,2024 дали и за тоа се вклучува во пријава или треба да се коригира да биде без ДДВ.
    Ви благодариме однапред,
    »»» ОДГОВОР

  33. Почитувани

    Би сакале Ваше мислење во врска со Одлуката за определување на добрата и услугите за кои даночен должник е даночниот обврзник кон кого е извршен прометот од страна на друг даночен обврзник, односно дали поставувањето на железна ограда на плац каде е потребно да се направи бетонска подлога за да може да се постави оградата подлежи на одредбите од членот 32-а од ЗДДВ.
    Однапред Ви благодариме на одговорот.
    »»» ОДГОВОР

  34. Здраво,

    Имаме едно прашање во врска со еден Договор за закуп, меѓу нас како фирма од странство кои не се резиденти во Р.Македонија. Деловниот простор кој го издаваме го пресметуваме со ДДВ 18%, меѓутоа тие како конзуларно претставништво се ослободени од плаќање на ДДВ. Нашето прашање е како оди постапката за враќање на ДДВ и до кој износ можат да го вратат?
    »»» ОДГОВОР

  35. Почитувани,

    Ве молам за мислење за следново:
    Физичко лице-граѓанин издава деловен простор под закуп и по таа основа до крај на 2024 година нема приходи над 2,000,000 денари.
    Во 2024 година продава едно земјиште и заедно со приходите од закуп ќе надмине 2,000,000 денари.
    Продажбата на земјиштето се врши еднократно.
    Дали физичкото лице треба да се регистрира за ДДВ до 15 јануари 2025 година?
    »»» ОДГОВОР

  36. Здраво,
    Вчера бевме собрани во еден локал во градот. На крајот побарав фискална сметка и ми дадоа но на неа нема ДДВ. Па би сакал да прашам зошто некои локали немаат ДДВ на нивните сметки, а некои имаат?
    »»» ОДГОВОР

  37. Почитувани

    Фирма од Македонија дава диспечерски услуги на фирма од САД која врши транспортни услуги Примателот на услугата е со седиште во странство и услугата се врши на територија на САД. Прашање е дали согласно член 14 од законот за ДДВ овој промет е ослободен од ДДВ.
    Однапред Ви благодариме.
    »»» ОДГОВОР

  38. Фирма со седиште во Македонија врши ИТ услуги за странски фирми. Промет 3.000.000. Дали треба да се регистрира за ддв обврзник, со оглед на тоа дека ИТ услугите за странски фирми се ослободени од ддв.
    »»» ОДГОВОР

  39. Почитувани,

    Ве молам за одговор на прашањето.
    Фирма-брокерско друштво за осигурување, која не е ддв обврзник добива странска влезна фактура за посредничка провизја во осигурување. Во фактурата е наведено само посредничка провизија, но во договорот детално е наведено дека се работи за осигурување. Фактурата не можат да ја изменат во опис.
    Дали треба да пресметаме ддв, или сме заштитени со договорот затоа што се работи за осигурување?

    Однапред благодарам!
    »»» ОДГОВОР

  40. Во постапка сум на купување на деловен простор сопственост на една од деловните банки и во однос на тоа се однесуваат овие прашања:
    1. Банката треба да ми издаде фактура (на мое име како купувач) за деловниот објект и 2 паркинг места со 18% ДДВ. Дали е тоа во ред во однос на деловниот простор и паркинг местата? Прашувам бидејки знам дека едни други паркинг места сум ги купувал претходно со 5% од фирмата која ги градела (во прв промет), а сега се работи за втор промет-имот на банката..
    2. Дали тоа ДДВ изразено во фактурата која ќе ми ја издаде банката се пребива со ДДВ-то од моите наредни тромесечни ДДВ пријави по однос на приход од закупнина на други објекти кои ги имам во сопственост и ги издавам под закуп?
    Ве молам за одговор на горенаведените прашања.

    »»» ОДГОВОР

  41. Нашата фирма произведува и монтира алуминиумски перголи за ресторани и останати објекти.
    Целокупната конструкација на перголата е со фиксни алуминиумски рамки и термопан стакла,некогаш се монтира во дел од самиот објект на пример кога се затвора најгорниотот спрат од објектот,некогаш се монтира на приземје во продолжеток на објектот како покриена летна бавча.
    Прашањето ми е следно дали ваквите перголи треба да ги фактурираме со член 32-а или не?

    Ви благодарам
    »»» ОДГОВОР

  42. Ве молам за појаснување околу пресметката на годишни бруто приходи за физичко лице - ДДВ обврзник.Имено, остварувам редовни месечни приходи по основ на вработување на неопределено време.Покрај овие приходи, имам и месечни приходи кои ги остварувам врз основа на договор на дело (договор за соработка) за кои се плаќа персонален данок од страна на другата договорна страна.
    Прашањето е дали во пресметката за ДДВ обврзник (физичко лице) влегуваат и приходите од редовен работен однос или само приходите од договор на дело. Горе наведеното од причина што од повеќе извори добивам различни одговори на прашањето за начинот на пресметка на бруто приходи на физицко лице - ДДВ обврзник, со праг до 2.000.000 денари на годишна основа.

    »»» ОДГОВОР

  43. Почитувани,

    Нашата книговодствена компанија, како клиент има градежна фирма која има намера да продаде земјиште купено пред три години, со цел изградба на станбени објекти. Плановите на градежната фирма се променија во меѓувреме, сега земјата која е купена од физички лица, сакаат да ја продадат на правно лице, за да се реализира планот. Намената на земјиштето во имотен лист не е променета, но планот и идејното решение за идна градба се одобрени од општината Карпош. Прашањето на нашиот клиент, воедно и наше прашање е дали при продажбата треба да се засмета ДДВ или не треба.
    »»» ОДГОВОР

  44. Ве молам за хитен одговор (денес), во системот на е-даноци треба да креирам фактура која се однесува на краен корисник кој е со решение издадено од ваша страна за проект ослободен од ДДВ, но фактурата треба да биде пред прием на роба со авансно плаќање а производите ќе им бидат дадени подоцна (кога ќе биде направен увоз односно стасани од странство).
    »»» ОДГОВОР

  45. Градежна фирма која не е ддв обврзник, склучува договор за изведување на градежни работи со физичко лице во кој е предвидено градежните работи да започнат во 2025 година. Во договорот е предвидено во ноември 2024 година физичкото лице да уплати пари по основ на авансна фактура на сметка на градежанта фирма во износ од 2,300,000денари. Дали градежната фирма со оваа уплата ќе стане ддв обврзник, заклучно со 31/12/2024 година, или по издавањето на конечна ф-ра во 2025 (ќе стане ддв обврзник)
    И дали е проблем конечната ф-ра да се издаде покасно од 5 дена поиздавањето на авансната ф-ра
    ?
    »»» ОДГОВОР

  46. Водиме фирма која работи на развој, одржување и отклонување на грешки на софтвер за странски нарачател). Дали кога фирмата ќе надмине промет над 2.000.000 денари треба да ја регистрираме за ДДВ? Доколку ја регистрираме, дали ќе треба да фактурира со ДДВ, со оглед на тоа што нарачателот на софтверот е од Бугарија, а корисници се само клиенти од ЕУ.
    »»» ОДГОВОР

  47. Почитувани

    Дали фирма регистрирана како дооел со шифра 85.51 - Спортско и рекреативно образование треба да се регистрира за целите за ддв.Фирмата се занимава со модерен балет и хип-хоп за деца и младинци. Дали се ослободени од регистрација за ддв бидејки шифрата е образование?
    »»» ОДГОВОР

  48. Би сакала да Ве замолам за Ваше мислење по основ на пресметаниот данок (ДДВ 18%) во фактурата која Ви ја доставуваме во прилог. Станува збор за технички услуги за репортажно возило со камери и техничка и продукциска екипа за 8 часа на ден, како и технички услуги за стриминг. Ве молам доколку сте во во можност, во најкус можен рок да ме информирате дали услугата која е предмет на фактурирање кон странското правно лице подлежи на одданочување со данок на додадена вредност. Информацијата која ми е потребна да ми ја испратите на оваа маил адреса.
    »»» ОДГОВОР

  49. Ве молиме за Ваше мислење во однос на следното прашање:
    Дали за учество на КПУ обуките (семинари за континуирано професионално усовршување), што ги даваме вон земјата и ги фактурираме кон даночни обврзници (од член 14 став 1 на ЗДДВ), е применливо местото на промет:
    - Според член 14 став 4 точка 5 од Законот за ДДВ, според кој за место на промет на услуга се смета местото каде што услугата се извршува при што услугата претставува дадено право на влез на едукативниот настан? или
    - Според член 14 став 2 од Законот за ДДВ, во местото на примателот на услугата?
    Напоменуваме дека, кога нашата услуга се дава во странство, се состои само од давање право на присуство на семинарот, без други услуги на организација на патувањето и престојот во местото на одржувањето.
    Во земјата семинарите се одржуваат онлине (како услуга на вебинари). При тоа даваме линк за поврзување за следење на обуките за КПУ на ЗУМ апликација и фактурираме: „за учество на вебинар (едукативен настан за професионално усовршување)?
    Дали ова се смета за услуга на даден влез на едукативен настан од член 14 став 4 точка 5, дали за вршење услуга по електронски пат за настава на далечина (од член 6 став 6 на ЗДДВ) или услуга за даночен обврзник, генерално оданочива во местото на промет според местото на примателот од член 14 став 2 од Законот за ДДВ?

    »»» ОДГОВОР

  50. Правен субјект од Македонија врши услуга на правен субјект во Република Албанија (монтажа на опрема за озвучување на кафе бар во Албанија). Излезна фактура на извршени услуги инсталација и монтажа е без ДДВ и е платена од нивна страна. Прашањето ми е дали има некој данок што треба да се плати во нашата држава или останува чиста услуга во странсво.
    »»» ОДГОВОР

  51. Приватно Друштво кое основната дејност им се информатички услуги има изнајмено деловен простор. Во наемот за деловен простор има и 3 паркинг места кои се вклучени во износот за закуп. Деловниот простор и паркингот (гаражите) ни ги издава физичко лице кое е ДДВ обврзник и истото е истакнато во влезната фактура. Дали може да го одбиеме во целост?
    Исто така имаме закуп посебно на 20 паркинг места кои ги изнајмуваме од Приватна фирма која ни ги фактурира со пресметан ДДВ. Дали имаме право на користење на истото, и дали подлежи на дополнителни оданочувања под други основи ?

    »»» ОДГОВОР
  52. Фирма од Македонија која е ДДВ обврзник склучува договор за вршење на обуки во Германија и за услугата доставува излезна фактура. Со оглед дека неможе да најде лице од Македонија да ја изврши обуката, склучува договор со правно или физичко лице од Германија кое ќе ја спроведе обуката и за истата ќе достави фактура на македонската компанија. Каков третман ќе има фактурата за ДДВ.
    »»» ОДГОВОР

  53. Ве молам за појаснување, дали при изнајмување на возило рент а кар, со место на предавање во ТИРЗ, фактурата треба да биде издадена по член 14 став 2 од ЗДДВ, и истата треба да биде без ДДВ?
    Односно како треба да биде издадена фактурата за изнајмување на возилко кон корисник во ТИРЗ, ако местото на предавање на возилото е ТИРЗ?

    »»» ОДГОВОР

  54. Ве замолуваме да ни дадете стручно мислење за следниот проблем поврзан со издавање на фактура без ДДВ кон фирмата xxxx oд Македонија. Имено, стручни лица од фирмата xxxxx ДООЕЛ Скопје (Фирма ќерка основана од факултет), извршија технички преглед на конструкција (услуга) во магацинскиот простор во фабриката во ТИДЗ. Оваа услуга требаше да ја фактурираме кон клиентот xxxx во вредност xxxxx денари + ДДВ. Во прилог е нивната нарачка и нашата фактура. Нивното сметководство бара фактурата да се издаде без ДДВ, а за ова барање, лицата од компанијата ни го приложија следното образложение:
    „Оваа година бевме и на работилница која што беше организирана во Царинска управа а на која присуствуваа и членови од Управа за јавни приходи и ТИРЗ. На неа се дискутираше за новите измени во Закон за ДДВ што се случија од 01.01.2024.
    На директно поставено прашање во делот со услугите, ни беше одговорено дека согласно Член 14, став 2, точка 2, корисникот на услугата е сместен во ТИРЗ и дека фактурата треба да биде издадена без ДДВ. Освен овој член испорака на добра во ТИРЗ над 60,000,00 мкд исто така не се пресметува ДДВ согласно член 24 и ставови 1 и 2 од Законот за ДДВ.
    Побарајте инфо за категорија Business to Business и примена на член 14, став 2 од ЗДДВ.“
    Прашањето до Вас, УЈП е дали Ние, xxxxx ДООЕЛ Скопје, смееме, согласно нивното образложение, да го цитираме основот:
    Член 14, точка 2, став 2 затоа што се работи за услуги и согласно член 24 и ставови 1 и 2 од Законот за ДДВ, испорака на добра во ТИРЗ со износ поголем од 60000 денари не се оданочува и да ја издадеме фактурата која е закачена во прилог, но без ДДВ со горенаведениот основ за даночно ослободување во образложение ?

    »»» ОДГОВОР

  55. Почитувани,
    Ве молам за одговор на следното прашање
    Друштво за производство и продукција на филм регистриран во РСМакедонија , произведува филм во странство кој е 100% финансиран од странски фонд. Земајки во предвид дека работи со непрофитна цел дали за влезните фактури има право на одбивка на ДДВ или користи даночно ослободување по чен 23 без право на одбивка на претходен данок ?

    »»» ОДГОВОР

  56. Ново формирана македонска компанија, фактурира кон странска фирма во Србија и Будимпешта (B2B бизнис то бизнис) на име на (маркетинг-консалтинг услуги за истражување на пазарот), Според влегување новиот член 14 од Законот за ДДВ почнувајќи од 1 јануари 2024, за делот на ддв каде е потенцирано дека услугите со место на прометот вон земјата не се оданочуваат со ДДВ согласно член 14. Прво дали оваа услуга што ја врши нашата компанија кон странска фирма припаѓа на оваа група да е ослободена од ДДВ ? фактурира само кон странски фирми B2B. Второ, бидејки нашата компанија е новоформирана, и сега во месец 11 надминува промет над 2 млн денари, (иако е ослободена од ДДВ) дали треба да се поднесува барање за регистрација на ДДВ до УЈП бидејки надминува 2млн денари промет ? Прометот е исклучително само за услугите кон странски фирми.
    »»» ОДГОВОР

  57. Нашата компанија треба да почне со продажба на нов производ на македонскиот пазар за чие што фактурирање ни е потребно Вашето мислење. Имено, треба да фактурираме продажба и инсталирање на батериски системи со интерактивен софтвер за паметно складирање и управување со вишокот произведена електрична енергија од обновливи извори кој би се применувал на домаќинства, објекти во индустријата и на електрани од обновливи извори. Овој промет ќе треба да го извршуваме во две различни околности.
    1. Батериски систем би се инсталирал на веќе изградена електрана од обновливи извори (во овој случај би било фактурирано само инсталација на батериски систем како самостоен промет на веќе изградена електрана од обновливи извори);
    2. Батерискиот систем би се инсталирал при самата изградба на електраната, вклучен во проектот за изградба ( би било фактурирано како спореден промет и дел од вкупните градежни активности за изградба на електрана).
    Ве молиме за одговори на нашето прашање и под точка 1 и под точка 2, дали за овој промет треба да се примени членот 32-а од Законот за ДДВ.

    »»» ОДГОВОР

  58. Ќе ве замолам за одговор и мислење на следниве прашања
    Станува збор за услуга фактурирана од Кипар до Македонија. Услугата се дефинира како “ operations and configurations “ - услуга на деловно советување ( вид на онлине тренинг којшто се користи за вработените ).
    Дали се оданочува услугата со 18% ДДВ?
    Поздрав

    »»» ОДГОВОР

  59. Во Јули 2024 година како физичко лице имам продадено харии од вредност на Македонска берза, при што имам остварено капитална добивка. Ве молам одговор на следниве прашања:
    Дали капиталната добивка влегува во основица за праг на ддв, односно дали треба да се регистрирам како ддв обврзник (имам капитална добивка поголема од 2.000.000 мкд). Останатите приходи не надминуваат 2.000.000 мкд;

    »»» ОДГОВОР

  60. Почитувани,

    Физичко лице, заклучно со 30.09.2024 има остварено приходи од консултантски и посреднички услуги во висина од 2.050.000 денари. Согласно Законот за Данок на додадена вредност, физичкото лице поднесува барање и добива решение за регистрација за данок на додадена вредност со датум на прв даночен период од 01.10.2024. Физичкото лице, во месец 11/2024 планира да купи деловен простор кој ќе служи за понатамошно издавање под закуп. Дали физичкото лице, има право да бара поврат на ДДВ од фактурата издадена при купување на деловниот простор?
    »»» ОДГОВОР

  61. Друштво регистрирано со шифра на дејност 85.59 Друго обарование неспомато на друго место,конкретно дава услуги за странски пазар(настава на далечина-часови претежно за натпревараи по математика) . Како корисници на услугата се јавуват странски правни лица(приватни школи или агенции за посредување претежно од странство). Организацијата е поставена на следниот начин: Приватното школо од странство или ако договарањето е со агенција за посредување од странство имат обврска да обезбедат ZOOM LINK на кој што се приклучува крајниот корисник од странство(ученици) и ние од Македонија даватели на услугата ,и поточно пристапот на ученикот до часовите кои ги обезбедува македонската фирма е преку платформа која има обврска да ја обезбеди корисникот на нашата услуга(приватното школо од странство или агенцијата од странство за посредување на ова работа). Заклучно со 31.10.2024година нашиот Даночен обврзник го надминува прагот за регистрација на ддв од 2 милиони денари.Дали имаме обврска за регистрација за данок на додадена вредност и ако имаме и сме регистрирани дали овој вид на услуга е ослободен од ддв по член 14 став 6 од законот за ддв или не. 2.Друштво, регистрирано со дејност 82.99 Останати деловни помошни услужни дејности неспомнати на друго место дава диспечерски услуги на странски правни лица
    Организацијата за работа е поставена на следниот начин: Секој вработен во македонската фирма има три до четири амерички телефонски броеви (во зависност од бројот на фирми од странство за кој ги дава овој вид на услуги).Секогаш кога треба да договара пример за една фирма го користи телефонскиот број на фирмата од кој му е доделен и се претставува како претставник од странската фирма а не како вработен од македоската фирма при извршување на услугата диспечерска.) Со 31,10,2024година македонската фирма го поминува прагот за регистрација за ДДВ.Дали имаме законска обврска за регистрација за ДДВ,и ако е да дали за овој вид на давање на услуга на овој начин треба да се примене член 14 став 2 или член 14 став 6 (обезбедување на персонал).

    »»» ОДГОВОР

  62. Почитувани,

    Друштво за посредување во осигурување (осигурително брокерско друштво) чија дејност е ослободена од ДДВ согласно член 23 став 1 точка 6 од Законот за ДДВ ангажира физичко лице - менаџер кој не е во редовен работен однос во друштвото. Дали физичкото лице менаџер на брокерското друштво е обврзник за ДДВ и дали доколку Друштвото му плати полиса за животно осигурување, дали и вредноста на истата се вклучува во границата од 2.000.000,оо денари и е основ за регистрација на физичкото лице за ДДВ.
    »»» ОДГОВОР

  63. Почитувани,

    Се обраќаме до Вас со прашање за мислење во поглед на примената на член 32-а од Законот за ддв.
    Конкретно, нашето прашање се однесува на тоа дали при набавка на опрема за видеонадзор во погон со вклучена работна рака за монтажа и инсталација на опремата даночен должник е даночниот обврзник кон кого е извршен прометот од страна на друг даночен обврзник согласно член 2 став 1 точка 11 од Одлуката за определување на добрата и услугите за кои даночен должник е даночниот обврзник кон кого е извршен промет од страна на друг даночен обврзник.

    »»» ОДГОВОР

  64. Почитувани,

    Ние како xxx основан од xxx даваме услуга – одржување на часови за јазик за вработените во амбасада, за што е склучен договор помеѓу xxx и амбасадата. Предавањата главно се одржуваат со физичко присуство во просториите на амбасадата или во конкретни случаи онлајн, но повторно вработените мора да ги следат предавањата додека се на работа во просториите на амбасадата. Имајќи предвид дека ние сме ДДВ обврзници од една страна и дека амбасадата претставува дипломатско претставништво со нерезидентен статус од друга страна, дали треба да фактурираме со или без ДДВ за услугите што ги даваме?
    »»» ОДГОВОР

  65. Здраво,
    Имам прашање околу влез во ДДВ за физички лица. Дали регрес за годишен одмор влегува во сумата до 2.000.000,00 денари после која треба физичко лице да се пријави како ДДВ обврзник? Ова прашувам зошто го гледам регресот за годишен одмор во даночниот извештај, па да знам дали да го пресметувам во целата сума. А мислам дека регрес за годишен одмор не е приход од работа, можеби грешам, па ми треба мислење.

    »»» ОДГОВОР

  66. Почитувани,

    Ве молам за информација околку пресметка на ддв по член 32а и 32т.4, во кои ситуации, при пополнување на ддв пријавата(во делот промет на добра и услуги) со овоие членови, не треба да се прикажат (во делот влезни исполнувања со право на одбивка). Конкретно, Доколку имаме пополнето износи во полињата 12 и 13, дали целосно износите се префрлаат во 23 и 24 или има отстапки?
    »»» ОДГОВОР

  67. Почитувани,

    Друштво ново основано, ќе започне со дејност - купување и продавање на станови. Нема да биде инвеститор за изградба, туку ќе купува или готови или во изградба станови и ќе ги продава истите. Член 23 став 1 точка 1 - се ослободува од ддв без право на одбивка прометот со станови и станбени згради (со исклучок на првиот промет). Дали тоа значи дека немаме обврска да се регистрираме за ддв независно од прометот, односно немаме право на влезно ддв и не пресметуваме излезно ддв?
    Дополнување на прашање
    Почитувани,
    Во врска со поставено прашање на ден xxxxx, Ви испраќам дополнително објаснување.
    Друштвото ќе купува преку авансни уплати станови во изградба и ќе биде прв сопственик, а кога ќе добие имотен лист, истите ќе ги продава. Дали вториот промет подлежи на ДДВ, односно имаме обврска за регистрација за ДДВ

    Благодарам,
    »»» ОДГОВОР

  68. Ве молам да ме известите дали по завршувањето на ликвидационата постапка ако остане имот-трговска стока (залиха) и истата со Одлука на содружниците се распредели помеѓу нив тие треба да платат данок.
    Доколку треба тогаш по која даночна стапка и на која даночна основа.

    Ви благодарам.
    »»» ОДГОВОР

  69. Почитувани,

    Ве молам за одговор дали прометот искажан во поле 11 (промет во земјата за кој данокот го пресметува примателот на прометот – пренесување на даночна обврска согласно член 32-а ) во ДДВ-04 пријавата влегува во промет за станување месечен ДДВ обврзник?

    Ви благодарам.
    »»» ОДГОВОР

  70. Почитувани,

    Ми треба информација во врска со следното.
    Фризерски салон кој што е регистриран како ДООЕЛ а воедно е и член на занаетчиска комора и има 4 вработени од 01.01.2025 се регистрира за ДДВ.
    По која стапка треба да го пресметува и плаќа ддв-то, по 5 или по 18%?
    Ве молам за одговор за да знаеме како да постапиме.

    »»» ОДГОВОР

 

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија