УПЛАТНИ СМЕТКИ
УПЛАТНИ СМЕТКИ ЗА ДАВАЧКИ ОД ПЛАТА
Уплатни сметки по видови на јавни давачки кои се плаќаат од платите на вработените, со сметки на банки и приходни шифри
УПАТСТВО ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ НА МЕСЕЧНАТА ПРЕСМЕТКА
Упатство за пополнување на месечната пресметка на плати пдд-мп. ова упатство содржи подетални објаснувања за начинот на пополнување на месечната пресметка на плати од исплатувачите на плати, начинот, местото и роковите за поднесување и други појаснувања кои ќе ви помогнат за исправно да ја пополните вашата пресметка.
МЕСЕЧНА ПРЕСМЕТКА НА ИСПЛАТУВАЧОТ НА ПЛАТИ
Образец ПДД-МП со упатство за пополнување. Исплатувачот на личните примања (плати) должен е до органот за јавни приходи да достави месечна пресметка на исплатувачот на плати за пресметаниот персонален данок, придонесите од плата и вкупно пресметаните плати што има обврска да ги исплати на вработените за месецот. Пресметката се поднесува на денот на исплатата (доколку истата е извршена во целост) или на денот на исплата на последниот дел (доколку истата се исплаќа во делови), а најдоцна осум дена по завршувањето на месецот што следи по месецот за кој се поднесува пресметката (на пр. Пресметката за платата за август може да се поднесе најдоцна до 8-ми октомври).
|