27.05.2026
Директорката на УЈП м-р Елена Петрова и шведскиот амбасадор Н.Е Ола Солстром со заедничка заложба за продолжување на успешната соработка
Во рамките на проектот за соработка помеѓу Управата за јавни приходи и Шведската даночна управа (STA), директорката на УЈП м-р Елена Петрова одржа работна средба со Амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Н.Е Ола Солстром.
На средбата беа презентирани досегашните активности и напредокот во рамките на проектот, како и идните приоритети поврзани со институционалното јакнење, дигиталната трансформација и модернизацијата на даночната администрација.
| |
|
Беше потврдена заедничката посветеност за продолжување на успешната соработка и поддршка на реформските процеси во Управата за јавни приходи, во насока на создавање модерна и кориснички ориентирана институција.

