Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31          
Recnik
11.03.2026
УЈП: Континуирано се следи функционирањето на системот во периодот на поднесување на даночни биланси и исправки на ДДВ пријави за 2025 година

Управата за јавни приходи ја информира јавноста дека во март 2026 година се бележи значително зголемување на бројот на поднесени даночни пријави, барања и пресметки. Овој пораст е очекуван за овој период од годината, кога даночните обврзници ги исполнуваат своите законски обврски поврзани со поднесување на даночни биланси и исправки на ДДВ пријави за 2025 година.

Податоците покажуваат дека системот функционира и обработува зголемен обем на поднесени документи. Заклучно со 10 март 2026 година поднесени се 3.223 ДДВ пријави, што претставува пораст во однос на истиот период во 2025 година, кога биле поднесени 2.566 пријави.

Во однос на ДБ–ВП барањата, до 10 март се поднесени 9.751 барање, додека во истиот период минатата година биле поднесени и обработени 8.257 барања.

Раст се бележи и кај поднесените барања за ДБ. До 10 март 2026 година се поднесени 5.343 барања, додека во истиот период минатата година биле поднесени 4.455 барања.

Во текот на март традиционално се зголемува бројот на активности поврзани со поднесување даночни биланси и исправки на ДДВ пријави. Во овој период се зголемува и бројот на обраќања од корисници, кои најчесто се однесуваат на статусот на обработка на пријавите, исплатите и функционирањето на електронските услуги.

Управата за јавни приходи континуирано го следи и поднесувањето на МПИН пресметките. И кај поднесените и кај обработените пресметки се бележи пораст во однос на истиот период минатата година.

Според податоците заклучно со 10 март 2026 година, преку системот на УЈП се поднесени 51.039 МПИН пресметки. Од нив, 32.621 пресметка е конечна. За споредба, до истиот датум минатата година биле поднесени 35.814 МПИН пресметки, од кои 23.045 биле конечни.

Управата за јавни приходи внимателно ги разгледува сите пристигнати забелешки и пријави од корисниците и има разбирање дека евентуалните доцнења во обработката, како и техничките потешкотии при користење на електронските услуги, можат да создадат дополнителен притисок кај даночните обврзници и сметководителите. Затоа, состојбата се следи континуирано и се постапува по сите пристигнати барања за поддршка.

Со цел да се олесни постапката и да се избегнат дополнителни оптоварувања на системот, Управата за јавни приходи упатува препораки до корисниците:

  • да се избегнува повеќекратно поднесување на иста пријава и да имаат трпение да заврши обработката на веќе поднесената пријава;
  • корисниците да ги користат официјалните канали за комуникација и да ги следат упатствата објавени на веб-страницата на Управата за јавни приходи.

Управата за јавни приходи ќе продолжи внимателно да ја следи состојбата до истекот на законските рокови и навремено ќе информира доколку има потреба од дополнителни насоки за корисниците.

Целта на Управата за јавни приходи е преку отворена комуникација и партнерски однос со даночните обврзници и сметководителите континуирано да се подобруваат услугите и да се обезбеди поефикасно и поедноставно исполнување на даночните обврски.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија