Автоматско враќање на средства претставува износ за кој автоматски се намалува обврската за плаќање на придонесот и данок на личен доход за наредниот месец.
Доколку во наредниот месец обврзникот за плаќање нема обврска за плаќање на придонеси / данок на личен доход (пр. користи породилно боледување), во тој случај автоматскиот поврат ќе се реализира во нареден/и месеци во кои ќе биде искажана обврска за плаќање.
Автоматскиот поврат се реализира по лице и по вид на придонес / данок на личен доход. Доколку за одредено лице се платени повеќе придонеси / данок на личен доход истите како автоматски поврат може да ја намалат обврската единствено за тоа лице и за соодветниот вид на придонес.
Износот на повеќе платен придонес и данок на личен доход во тековниот месец се јавува како Автоматско враќање на средства (износ кој се одбива од месечниот износ на придонес) во „Декларацијата за прием“ за наредниот месец.

