Memorandum_mk
22.06.2026
Привремен прекин на системот „МојДДВ“ поради техничка надградба

Привремен прекин на системот „МојДДВ“ поради техничка надградба

Управата за јавни приходи ја информира јавноста дека поради планирани активности за унапредување на ИТ инфраструктурата на Управата за јавни приходи, на 23.06.2026 година (вторник) од 12:00 часот апликацијата МојДДВ ќе биде привремено недостапна.

Недостапноста е поради миграција на системот на нова инфраструктура со цел обезбедување поголема сигурност и достапност на услугата.

Системот ќе биде повторно ставен во функција веднаш по завршување на активностите.

Ви благодариме за разбирањето.

 
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија