Во рамки на активностите поврзани со Проектот е-Фактура , Управата за јавни приходи одржа работна средба со Групацијата на шпедитери и логистички оператори – MIFA, на која беше презентиран системот е-Фактура, со посебен акцент на процесите поврзани со електронското фактурирање во надворешниот промет.
Беше истакнато дека системот е-Фактура ќе ги опфати сите трансакции – како во внатрешниот, така и во надворешниот промет. Токму затоа, средбата со претставниците на MIFA беше посветена на практичните аспекти на електронското фактурирање кај увозните и извозните трансакции, начинот на кој новиот систем ќе се интегрира со постојните деловни и царински процеси и се разгледаа и дискутираа конкретни практични прашања и можните предизвици при имплементацијата
Групацијата на шпедитери и логистички оператори – MIFA претставува еден од клучните партнери во процесот на имплементација на е-Фактура, Нивното активно учество и навремената подготовка се од особено значење за успешна примена на системот, особено во делот на увозните и извозните трансакции.
Продолжуваме заедно да го градиме системот е-Фактура.
