Среда, 21.10.2026 11:00 - 12:00, Кузман Јосифовски Питу бр.1 (Комплекс банки сала за состаноци 2-ри кат)
Управата за јавни приходи ве информира дека на 21.10.2026 година (среда), со почеток во 11:00 часот, директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) м-р Елена Петрова ќе одржи брифинг за претставници на медиумите.
Тема на брифингот:
„ДОХОДОТ НА ГРАЃАНИТЕ ВО 2025: ШТО ОТКРИВААТ БРОЈКИТЕ“
Структурата на доходот, неговите извори и значењето на податоците за унапредување на даночната усогласеност и креирање политики.
Ги покануваме сите заинтересирани медиуми да присуствуваат и да го проследат настанот.
По завршување на брифингот, согласно интересот на медиумите, директорката на УЈП м-р Елена Петрова ќе даде изјава поврзана со темата.