По повод верскиот празник Рамазан Бајрам, Управата за јавни приходи упатува искрени честитки до сите граѓани од исламска вероисповед, со желба празничните денови да ги поминат во добро здравје, мир и благосостојба.
Во периодот на рамазанскиот пост, кога традиционално се организираат ифтарски вечери и други свечени настани, Управата за јавни приходи потсетува на обврската за доследна примена на одредбите од Законот за регистрирање на готовинските плаќања. Секое извршено готовинско плаќање треба навремено и соодветно да биде евидентирано преку фискален апарат, како и задолжително да се издаде фискална сметка за секоја реализирана услуга.
Со оглед на зголемениот обем на работа во текот на празничниот период, Управа за јавни приходи апелира до угостителските објекти и сите даночни обврзници на законито постапување и целосно почитување на законските обврски, со цел обезбедување еднакви услови за работа и фер конкуренција на пазарот, и им посакува успешна работа.