Управата за јавни приходи ги потсетува даночни обврзници кои поднесоа Пријава за квалификуван домашен дополнителен данок (образец КДДД/П) за 2024 година и во истата искажале обврска за плаќање на квалификуван домашен дополнителен данок, дека последен рок за плаќање на данокот е 30 јули 2026 година.
ПЛАТЕТЕ ЈА ВАШАТА ДАНОЧНА ОБВРСКА ВО ЗАКОНСКИОТ РОК
Уплатната сметка за плаќање на квалификуван домашен дополнителен данок е: 840 – ХХХ - 01877, приходна шифра 711236, програма 00.
Доколку имате потешкотии во обезбедувањето на тековна ликвидност и платежна способност, а редовно ги исполнувате другите даночни обврски, може да поднесете Барање за одлагање на плаќање на даночен долг (образец УЈП-ПН-З.2-28/1).
Воедно, Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници засегнати според правилото за вклучување на добивката (Income Inclusion Rule - IIR) дека најдоцна до 30 јули 2026 година треба да поднесат Пријава за дополнителен данок (образец „ДДД/П”) за 2024 година. Пријавата ДДД/П треба да се поднесе електронски преку системот е-Даноци и во случај кога пресметаниот данок за плаќање изнесува нула.
За дополнителна поддршка во врска со плаќање на дополнителниот данок и поднесување на пријава ДДД/П може да се обратите на:
е-пошта: info@ujp.gov.mk
Телефонски броеви:
Од фиксна линија: 0800 33 000
Од мобилен телефон: 02 3253 200