Калкулаторот за пресметка на данокот на личен доход од закупнина и подзакуп на недвижен имот кој се издава од физичко лице на физичко лице претставува алатка која Ви овозможува пресметување на данокот на личен доход.
Калкулатор за пресметка на данокот на личен доход од страна на физичко лице кое не е ДДВ обврзник - бруто доход:
Со внесување на износот на бруто доход од закупнината во соодветно обележаното поле под реден број 1 (бруто износ - неопремена недвижност/ бруто износ- опремена недвижност) калкулаторот автоматски ќе ги пресмета признатите трошоци (10%-неопремена недвижност или 15%-опремена недвижност).
Понатаму, калкулаторот ќе ја утврди даночната основа, износот на данокот на личен доход кој треба да се плати, како и износот што му преостанува на закуподавачот или нето доход.
Калкулатор за пресметка на данокот на личен доход од страна на физичко лице кое не е ДДВ обврзник - нето доход:
Со внесување на износот на нето доходот од закупнина во соодветно обележаното поле под реден број 1 (нето износ - неопремена недвижност/ нето износ- опремена недвижност) калкулаторот автоматски ќе ги пресмета признатите трошоци (10%-неопремена недвижност или 15%-опремена недвижност).
Понатаму, калкулаторот ќе ја утврди даночната основа, износот на данокот на личен доход кој треба да се плати, како и бруто остварениот доход.
За физичките лица кои се регистрирани за цели на данокот на додадена вредност (ДДВ), оваа алатка, покрај пресметката на данокот на личен доход, овозможува и автоматска пресметка на износот на ДДВ.