По повод одбележувањето на Св. Матеј - Денот на даночниците, Управата за јавни приходи ги повикува учениците од основните училишта во Република Северна Македонија да учествуваат во креативниот конкурс „Твој данок, твоја иднина“.
Учениците, индивидуално или тимски, преку цртежи, илустрации, колажи, постери и други креативни изработки ќе ја претстават важноста на даноците и нивниот придонес за подобра иднина и развој на заедницата.
Начин на доставување:
- Оригиналната изработка се доставува по пошта или лично до Управата за јавни приходи.
- Фотографија од изработката се испраќа на: konkurs@ujp.gov.mk
Наслов на е-пораката: „КОНКУРС – ТВОЈ ДАНОК, ТВОЈА ИДНИНА“
Креативните изработки ќе бидат промовирани преку комуникациските канали на Управата за јавни приходи.
Активноста има едукативен и креативен карактер и не подразбира натпреварување или доделување награди.
Бидете креативни, испратете ја својата порака и бидете дел од промената!
Твој данок, твоја иднина!