Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
          1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31            
Recnik
Односи со јавност


Комуникацијата со медиумите се одвива преку Оддел за односи со јавност и комуникација, односно Портпаролот на УЈП.

За начинот на остварување на комуникација со средствата за јавно информирање, главните начела на комуникацијата, политиката на информирање... на Управата за јавни приходи, преземете го „Упатството за односи со јавноста и комуникација со медиумите“.

 

Година Месец Тип на соопштение  

13.07.2026
Стапуваат на сила измените во Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување
Управата за јавни приходи ги известува сите работодавачи, самовработени лица и даночни обврзници дека во „Службен весник на РСМ“ бр. 148 од 6 јули 2026 година е објавен Законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, кои директно влијаат врз пресметките на платите и придонесите...
 
03.07.2026
Во првата половина од 2026 година наплатени 2,27 милијарди евра даноци и придонеси – раст од 231,8 милиони евра во однос на лани
Наплатата на даноци и придонеси во првата половина од 2026 година достигна исклучителни 2 милијарди и 271 милиони евра, што е за 231,8 милиони евра повеќе од истиот период лани и претставува уште една потврда за забрзаното темпо на раст на јавните приходи
 
03.07.2026
Голем интерес за системот е-Фактура во Пелагонискиот регион
Со вчерашната работилница во Битола се заокружи уште една успешна активност реализирана во рамки на соработката помеѓу Управата за јавни приходи и Стопанската комора на Северна Македонија, преку Регионалните стопански комори во Битола и Прилеп. Оваа соработка започна во јуни со првата работилница одржана во Прилеп, а нејзина цел е компаниите навремено да се запознаат со функционалностите на системот е-Фактура, активно да се вклучат во неговото тестирање и преку своите искуства, предлози и забелешки да придонесат кон создавање модерен, ефикасен и функционален систем кој ќе одговори на потребите на деловната заедница. Со работилниците во Пелагонискиот регион беа опфатени вкупно 130 претставници од околу 70 компании.
 
01.07.2026
Привремен прекин на системот е-Даноци поради техничка надградба
Управата за јавни приходи ја информира јавноста дека поради планирани активности за унапредување на ИТ инфраструктурата на Управата за јавни приходи, на 02.07.2026 година (четврток) од 13:00 часот системот е-Даноци ќе биде привремено недостапен
 
25.06.2026
Рокот за плаќање на данок по Годишната даночна пријава за 2025 година истекува на 30 јуни 2026
Управата за јавни приходи ги известува сите граѓани дека крајниот рок за уплата на данокот утврден со Годишната даночна пријава за 2025 година е 30 јуни 2026 година. Секој граѓанин чија пријава покажува износ за доплата должен е да ја изврши уплатата навреме, со цел да избегне дополнителни трошоци и камати.
 
Страници: 


 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија