Оваа брошура е изготвена согласно Стратегијата на Управата за јавни приходи
за намалување на сивата економија во Република Македонија. Преку публикацијата сакаме да им укажеме на читателите дека оваа појава, која се јавува и во светски рамки, го поткопува и ослабува нашиот даночен и економски систем, но и дека сите граѓани, стопанственици и институции се засегнати страни кои единствено и заеднички можат да делуваат во намалување на сивата економија во Македонија.
|
При отпочнување на вашиот бизнис, најважно е да ја регистрирате вашата дејност во соодветниот регистар и да поседувате даночен број, неопходен за учество во платниот промет и кој ќе претставува единствен идентификатор за вашите податоци и даночните постапки кои се водат во Управата за јавни приходи.
|
НЕ ДЕЛУВАЈТЕ ВО СИВАТА ЗОНА! Одберете партнер од легалната, а не од сивата економија ...
|
|
|
http://www.ujp.gov.mk
© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија
|