Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
Доход од работа

Дефиниција

Доход од работа претставува секој доход што го остварува обврзникот по основ на работен однос, вклучувајќи го и доходот по договор за повремено или привремено вршење услуги на органите на државната управа, на домашните и странските правни лица, како и на домашните и странските физички лица кои вршат самостојна дејност, ако со овој закон не се изземени од оданочување.

Видови доход од работа

  • плата и надоместоците на плата од работен однос и исплата по основ на деловна успешност на рабородавачот;
  • надоместоци на трошоци од работен однос исплатени над износите од член 12 на Законот за данокот на личен доход, сите други надоместоци на трошоци поврзани со работа утврдени со Законот за работни односи, Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, гранските колективни договори, колективен договор на ниво на работодавач и прописите за органите на државната управа, износот на надоместокот за закуп на имот како и износот на надоместок на трошоци поврзани со закупот на имотот на вработено лице кога надоместоците ги плаќа работодавачот;
  • користење на станбени згради или станови кои се во сопственост на работодавачот или кои работодавачот ги користи по основа на закуп или по друг основ;
  • користење на службени моторни возила или други превозни средства за приватни цели, вклучувајќи и превоз од и до работно место;
  • стекнување со хартии од вредност и учество во капиталот на работодавачот и кај поврзани лица со работодавачот, без надоместок или по цена пониска од пазарната;
  • пензии;
  • примања на членови на органите на управување и на органите на надзор на трговските друштва;
  • примања на функционери, пратеници, советници и други носители на јавни функции;
  • примања на професионални спортисти (премии, трансфери и сл.);
  • надоместок за врвни спортисти;
  • надоместоци за практична обука на ученици и практична настава студенти над пропишани износи од член 12 од Законот за данокот на личен доход
  • надоместок за време на боледување;
  • надоместок за време на отсуство од работа;
  • надоместок за работа на судии поротници, вешти лица и стечајни управници, кои немаат својство на вработени лица во соодветните институции или друштва;
  • надоместок на членовите на МАНУ;
  • плата остварена со работа во странство врз основа на работен однос заснован во земјата;
  • пензискиот надоместокот од доброволно капитално финансирано осигурување
  • придонесите во доброволен пензиски фонд уплатени од правно лице или обврзник кој остварува доход од самостојна дејност;
  • секој поединечно остварен приход врз основа на договор за повремено или привремено вршење на услуги на правни и физички лица и
  • надоместокот за практиканска работа согласно Законотза практиканство.

Како доход од работа се смета и друг доход од работа, кои наместо во пари се прима во вид на ваучери и други парични потврди, хартии од вредност, стоки, услуги или во некој друг облик кој има парична вредност.

Даночна основа

  • остварената плата и надоместокот на плата од работен однос и исплата по основ на деловна успешност на работодавачот, намалени за придонесите од задолжително социјално осигурување и даночното намалување за месецот за кој се исплатува платата;
  • износот на надоместоците на трошоци од работен однос исплатени над износите од членот 12 на овој закон и сите други надоместоци на трошоци поврзани со работа утврдени со Законот за работните односи, Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, гранските колективни договори, колективен договор на ниво на работодавач и прописите за органите на државната управа и износот на надоместокот за закуп на имот како и износот на надоместокот на трошоци поврзани со закупот на имотот на вработено лице кога надоместоците ги плаќа работодавачот;
  • износот на закупнината што може да се постигне според локални прилики за сличен имот што се дава на користење под приближно еднакви услови, а во случај на закуп или по друг основ, износот на закупнина кој работодавачот го платил;
  • износот од 1% од сметководствената вредност на моторното возило на 31 декември во претходната година, а доколку вработениот платил надоместок за користење, намален за износот на надоместокот кој вработениот го платил за користењето, месечно;
  • износот од 1% од набавната вредност на моторното возило во годината во која е набавено возилото, односно износот од 1% од набавната вредност на моторното возилото намалена за пресметаната амортизација со примена на амортизационaта стапкa утврденa со Номенклатурата на средствата за амортизација, во случај кога моторното возило е набавено врз основа на договор за лизинг, месечно;
  • пазарната цена на хартиите од вредност и учеството во капиталот (удели) на денот на стекнувањето, односно разликата помеѓу пазарната цена и цената платена од страна на вработениот;
  • платата остварена со работа во странство врз основа на работниот однос што е заснован во земјата, намалена за придонесите од задолжително социјално осигурување и даночното намалување;
  • пензијата намалена за придонесите од задолжително социјално осигурување и даночното намалување. Пресметаниот данок на доход на примањата по основ на пензии и инвалидни се отстапува на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување;
  • примања на членови на органите на управување и на органите на надзор на трговските друштва - износот на примањето, надоместокот;
  • примања на функционери, пратеници, советници и други носители на јавни функции - износот на примањето, надоместокот;
  • примања на професионални спортисти - износот на примањето, надоместокот;
  • надоместокот за работа на судии поротници, вешти лица и стечајни управници, кои немаат својство на вработени лица во соодветните институции или друштва - износот на примањето, надоместокот;
  • надоместок на членовите на Македонската академија на науките и уметностите - износот на примањето, надоместокот;
  • приход врз основа на договор за повремено или привремено вршење на услуги на правни и физички лица - износот на примањето, надоместокот;
  • износот на надоместокот за врвни спортисти, намален за придонесите
  • остварената плата и надоместок на плата од работен однос и исплата по основ на деловна успешност на работодавачот за странско физичко лице – нерезидент што ја остварува од работа кај резидент на Република Северна Македонија, намалени за придонесите од задолжително социјално осигурување и даночното намалување за месецот за кој се исплатува платата;
  • износот на надоместоците на трошоци од работен однос исплатени над износите од член 12 на ЗДЛД и сите други надоместоци на трошоци поврзани со работа на странско физичко лице - нерезидент од работен однос кај резидент на Република Северна Македонија утврдени со Законот за работни односи, Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, гранските колективни договори, колективен договор на ниво на работодавач и прописите за органите на државната управа;
  • остварената плата и надоместокот на плата од работен однос и исплата по основ на деловна успешност на рабородавачот што ја остварува резидент на Република Северна Македонија кој работи во странски дипломатски и конзуларни претставништва и меѓународни организации во Република Северна Македонија, намалени за придонесите од задолжително социјално осигурување и даночното намалување за месецот за кој се исплатува платата;
  • износот на надоместоци на трошоци од работен однос исплатени над износите од членот 12 на ЗДЛД и сите други надоместоци на трошоци поврзани со работа утврдени со Законот за работни односи, Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, колективен договор на ниво на работодавач и прописите за органите на државната управа, што се исплатени на резидент кој работи во странски дипломатски и конзуларни претставништва и меѓународни организации во Република Северна Македонија;
  • надоместокот за практична обука на ученици и практична настава на студенти, исплатен над износите од членот 12 на овој закон;
  • износот на уплатен придонес во доброволен пензиски фонд од правно лице или обврзник кој остварува доход од самостојна дејност, над износот од две просечни месечни бруто-плати во Република СевернаМакедонија, објавени во јануари во тековната година според податоците на Државниот завод за статистика;
  • пензискиот надоместок од доброволно капитално финансирано пензиско осигурување (трет столб) намален за износот на уплатените придонеси во доброволен пензиски фонд во случај кога придонесите се уплатени од физичко лице, односно износот на пензискиот надоместок од доброволно капитално финансирано пензиско осигурување (трет столб) намален за уплатените придонеси кои се оданочени согласно член 16 став 1 точка 12) од Законот за данокот на личен доход;
  • износот на надоместокот за практикантска работа намален за придонесот врз основа на инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа или професионална болест и дополнителениот придонес за задолжително здравствено осигурување за случај на повреда на работа;
  • ваучерите и другите парични потврди и хартии од вредност кои не котираат на берза - номиналната вредност на ваучерите и другите парични потврди и хартии од вредност кои не котираат на берза;
  • хартиите од вредност - пазарната цена на хартиите од вредност кои котираат на берзата;
  • примања кои наместо во пари се исплатени во вид на стоки и услуги - цената која би се постигнала со продажба на стоките и услугите, во случаите на доход од работа исплатени во стоки и услуги и
  • примања кои наместо во пари се исплатени во вид на ваучери и други парични потврди или во некој друг облик кој има парична вредност.- надоместокот што би се постигнал на пазарот за примањата во некој друг облик.

Даночна стапка

Пресметката и плаќањето на данокот на доход од работа се врши по стапка од 10%.

Надоместоци од работен однос кои не подлежат на оданочување со данокот на доход

  • надоместок за трошоци за службени патувања, за теренски додаток (сместување и исхрана) или одвоен живот од семејството на вработени лица и на обврзникот кој остварува доход од самостојна дејност, во висина на најнискиот износ утврден со Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, односно за вработените во нестопанството во висина утврдена со прописите за органите на управата.
  • надоместок во случај на смрт на вработениот и на член на семејство и член на семејство на обврзникот кој остварува доход од самостојна дејност, до пропишаниот износ.
  • отпремнина која се дава при заминување во пензија во висина од две просечни месечни нето плати по работник исплатени во Република Северна Македонија во последните три месеца.
  • еднократен надоместок - испратнина заради трајно работно ангажирање на работниците при откажување на договорот за вработување од деловни причини (технолошки, економски, организациони и слични промени) утврден со закон;
  • надоместоци на трошоци за користење на сопствен автомобил за потребите на работодавачот во висина од 30% од цената на литар гориво што го користи автомобилот за секој изминат километар, а најмногу до 3.500 денари месечно.
  • помош за претрпени штети од елементарни непогоди до најнискиот износ утврден со Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, односно за вработените во нестопанството во висина утврдена со прописите за органите на државната управа.

Електронска пресметка на аконтација на данокот на доход (е-ППД)

1.Исплатувачот на доходот кој води деловни книги врши пресметка на аконтација на данокот на доход од работа.
Исплатувачот на доходот пресметката на аконтација на данокот на доход кој се плаќа по одбивка ја врши пред исплатата на доходот, за секое физичко лице на кое врши исплата на доход, со примена на стапките пропишани со Законот за данокот на личен доход.

  • Исплатувачот при исплата на плата, дел од плата, надомест на плата и исплата по основ на деловна успешност е должен пресметката да ја врши месечно, поединечно за секој обврзник за плаќање за соодветниот месец и податоците за пресметана плата или дел од плата, надоместок на плата и исплата по основ на деловна успешност да ги доставува до Управата за јавни приходи најдоцна до 10-ти во тековниот за претходниот месец по електронски пат на образец МПИН.
  • Исплатувачот на доходот за надоместоците на трошоци од работен однос исплатени над износите предвидени со закон и сите други надоместоци на трошоци поврзани со работа; користење на станбени згради или станови кои се во сопственост на работодавачот или кои работодавачот ги користи по основ на закуп или по друг основ; користење на службени моторни возила или други превозни средства за приватни цели, вклучувајќи и превоз од и до работно место; стекнување со хартии од вредност и учество во капиталот на работодавачот и кај поврзани лица со работодавачот, без надоместок или по цена пониска од пазарната; примањата на членови на органите на управување и на органите на надзор на трговските друштва; примањата на функционери, пратеници, советници, и други носители на јавни функции; примања на професионални спортисти-премии, трансфери и сл.; надоместок за работа на судии поротници, вешти лица и стечајни управници, кои немаат својство на вработени лица во соодветните институции или друштва; надоместок на членовите на Македонската академија на науките и уметностите; пензиски надоместок од доброволно капитално финансирано осигурување , уплатен придонес во доброволен пензиски фонд за една календарска година, за вработени лица и за обврзник кој остварува доход од самостојна дејност, надоместокот за практична обука на ученици и практична настава на студенти, исплатен над пропишаниот износ и секој поединечно остварен приход врз основа на договор за повремено или привремено вршење на услуги на правни и физички лица изготвува Електронска пресметка (е-ППД) со податоци за секое физичко лице на кое врши исплата на доход, која ја доставува електронски до Управата за јавни приходи, преку системот https://e-ujp.ujp.gov.mk
  • Пресметката ја одобрува Управата за јавни приходи, пред да се изврши плаќањето на данокот и исплатата на нето доходот кај носителот на платниот промет.
    Исплатувачот е должен на обврзникот при секоја исплата да му издаде примерок од пресметката за аконтацијата на данокот.

2. Физичко лице (резидент на Република Северна Македонија)

  • примател на доход во земјата врши пресметка на аконтација на данокот на доход од работа од дипломатски, односно конзуларни претставништва на странски држави, кај претставници и службеници на такви претставништва кои имаат дипломатски имунитет; и за кои даночниот обврзник сам го утврдува и уплатува данокот и за доход остварен од повремено вршење на услуги на физички лица.
    Примателот на доходот во земјата, пресметката на аконтација на данокот на доход ја врши за секој остварен доход, со примена на стапките пропишани со Законот за данокот на личен доход.
  • примател на доход од странство врши пресметка на аконтација на данок на доход по основ на договор на дело, надоместок на член на орган на управување и органи на надзор во трговски друштва и сите горенаведени видови на доход од работа.
    Примателот на доходот од странство, пресметката на аконтација на данокот на доход ја врши за секој остварен доход, со примена на стапките пропишани со Законот за данокот на личен доход.
  • или со примена на Договорите за одбегнување на двојно оданочување (доколку Република Македонија/Република Северна Македонија има склучено договор со државата од каде е остварен доходот).

Примателот на доходот во земјата и од странство, за секој остварен доход изготвува Електронска пресметка (е-ППД) која ја доставува електронски до Управата за јавни приходи преку системот https://e-ujp.ujp.gov.mk, најдоцна до 10-ти во месецот за доходот остварен во претходниот месец.
Пресметката на аконтацијата на данокот на доход ја одобрува Управата за јавни приходи.

Годишна обврска на физичкото лице

Управата за јавни приходи изготвува пополнета Годишна даночна пријава за сите граѓани - физички лица кои оствариле доход од работа во текот на 2023 година.
Пополнетата Годишна даночна пријава (ДЛД-ГДП), Управата за јавни приходи ја доставува до граѓаните најдоцна до 30 април 2024 година преку системот https://e-ujp.ujp.gov.mk
Секое физичко лице е должен да ја потврди точноста на податоците од пополнетата Годишна даночна пријава или да ја коригира пријавата најдоцна до 31 мај 2024 година.
Доколку граѓанинот не ја потврди или коригира пополнетата Годишна даночна пријава најдоцна до 31 мај 2024 година, пополнетата ДЛД-ГДП издадена од УЈП ќе се смета за потврдена.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија