Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
  1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31      
Recnik
Доход од закуп и подзакуп

Дефиниција

Доход од закуп и подзакуп е доходот што обврзникот го остварува од издавање под закуп или подзакуп на земјиште, станбени или деловни простории, гаражи, простории за одмор и рекреација, опрема, превозни средства и други видови имот.
Во доход од закуп и подзакуп се вклучуваат и надоместоците на трошоци за поправки, реновирање, вложување и слично, кои закупецот односно подзакупецот ги врши за сметка на закуподавачот.

Даночен обврзник

Физичко лице кое остварува доход од издавање под закуп или подзакуп на земјиште, станбени или деловни простории, гаражи, простории за одмор и рекреација, опрема, превозни средства и други видови имот.

Даночна основа

Основа за пресметување на данокот претставува бруто доходот намален за нормираните трошоци во висина од 10%.
Основа за пресметување на данокот на доходот од закуп на опремени станбени и деловни простории претставува бруто доходот намален за нормираните трошоци во висина од 15 %.
Основа за пресмерување на данокот на доход од подзакуп претставува бруто доходот намален за закупнината што ја плаќа закуподавачот.

Даночна стапка

Пресметката и плаќањето на данокот на доход од закуп и подзакуп се врши по стапка од 10%.

Електронска пресметка на аконтација на данок на доход (е-ППД)

  1. Ако закупопримачот е правно лице (исплатувач на доход кој води деловни книги), правното лице има обврска да врши пресметка на аконтација на данокот на доход од закуп и подзакуп.
    Исплатувачот на доходот, пресметката на аконтација на данокот на доход кој се плаќа по одбивка ја врши пред исплатата на доходот, за секое физичко лице на кое врши исплата на доход, со примена на стапките пропишани со Законот за данокот на личен доход.
    Исплатувачот на доходот изготвува Електронска пресметка (е-ППД) со податоци за секое физичко лице на кое врши исплата на доход која ја доставува електронски до Управата за јавни приходи, преку системот https://e-ujp.ujp.gov.mk
    Пресметката ја одобрува Управата за јавни приходи, пред да се изврши плаќањето на данокот кај носителот на платниот промет.
    Исплатувачот е должен на обврзникот при секоја исплата да му издаде примерок од пресметката за аконтацијата на данокот.
  2. Ако закупопримач е друго физичко лице, физичко лице кое остварува доход од самостојна дејност а данокот го плаќа според паушално утврден нето доход, дипломатски, односно конзуларни претставништва на странски држави и меѓународни организации, во случаи кога физичкото лице остварува бруто доход,обврска да врши пресметка на аконтација на данок на доход има примателот на доходот (физичко лице) за доходот од закуп и подзакуп, и тоа:
  • до 10-ти во месецот кој следи по месецот во кој е склучен договорот.
  • до 10-ти во месецот кој следи по месецот во кој имотот е предаден во закуп или подзакуп, доколку во договорот е утврдено одложено издавање,
  • до 10-ти во месецот кој следи по месецот на издавање, во случаи кога времетраењето на закупот е пократко од 31 ден во еден месец.
    Примателот на доходот (физичко лице) пресметката на аконтација на данокот на доход ја врши за секој остварен доход, со примена на стапките пропишани со Законот за данокот на личен доход.
    Примателот на доходот за секој остварен доход изготвува Електронска пресметка (е-ППД) која ја доставува електронски до Управата за јавни приходи, преку системот https://e-ujp.ujp.gov.mk
    Пресметката на аконтацијата на данокот на доход ја одобрува Управата за јавни приходи.

Физичко лице (резидент на Република Северна Македонија) за доходот остварен од странство од закуп на имот во странство, исто така има обврска да поднесе Електронска пресметка за приход и данок (е-ППД) до Управата за јавни приходи, преку системот https://e-ujp.ujp.gov.mk

Годишна обврска на физичкото лице

Управата за јавни приходи изготвува пополнета Годишна даночна пријава за сите граѓани - физички лица кои оствариле доход од закуп и подазкуп во текот на 2023 година.
Пополнетата Годишна даночна пријава (ДЛД-ГДП), Управата за јавни приходи ја доставува до граѓаните најдоцна до 30 април 2024 година преку системот https://e-ujp.ujp.gov.mk

Секое физичко лице е должен да ја потврди точноста на податоците од пополнетата Годишна даночна пријава или да ја коригира пријавата најдоцна до 31 мај 2024 година.
Доколку граѓанинот не ја потврди или коригира пополнетата Годишна даночна пријава најдоцна до 31 мај 2024 година, пополнетата ДЛД-ГДП издадена од УЈП ќе се смета за потврдена.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија