Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
Доход од права од индустриска сопственост

Дефиниција

Под доход од права од индустриска сопственост се подразбира надоместокот што обврзникот го остварува од права уредени со Законот за индустриска сопственост.

Даночен обврзник

Обврзник на данокот на доход од права од индустриска сопственост е физичко лице кое остварува надоместок од права од индустриска сопственост.
Обврзник на данокот на доход од права од индустриска сопственост е и физичко лице наследник или носител на права од индустриска сопственост.

Даночна основа

Основа за пресметување на данокот претставува надоместокот што ги остварува обврзникот намален за износот на нормирани трошоци во висина од 10%.
За обврзникот, наследник или носител на права од индустриска сопственост, кому му е пренесено правото од индустриска сопственост согласно закон, основа за пресметување на данокот претставува целиот износ на надоместокот.

Даночна стапка

Пресметката и плаќањето на данокот на доход од права од индустриска сопственост се врши по стапка од 10%.

Eлектронска пресметка на аконтација на данокот на доход (е-ППД)

  1. Исплатувачот на доходот кој води деловни книги врши пресметка на аконтација на данокот на доход од права од индустриска сопственост.
    Исплатувачот на доходот пресметката на аконтација на данокот на доход кој се плаќа по одбивка ја врши пред исплатата на доходот, за секое физичко лице на кое врши исплата на доход, со примена на стапките пропишани со Законот за данокот на личен доход.
    Исплатувачот на доходот изготвува Eлектронска пресметка (е-ППД) со податоци за секое физичко лице на кое врши исплата на доход која ја доставува електронски до Управата за јавни приходи, преку системот https://e-ujp.ujp.gov.mk
    Пресметката ја одобрува Управата за јавни приходи, пред да се изврши плаќањето на данокот и исплатата на нето доходот кај носителот на платниот промет.
    Исплатувачот е должен на обврзникот при секоја исплата да му издаде примерок од пресметката за аконтацијата на данокот.
  2. Физичко лице (резидент на Република Северна Македонија) врши пресметка на аконтација на данокот на доход за остварен доход од права за индустриска сопственост од странство.
    Примателот на доходот за секој остварен доход изготвува Електронска пресметка (е-ППД) која ја доставува електронски до Управата за јавни приходи преку системот https://e-ujp.ujp.gov.mk, најдоцна до 10-ти во месецот за доходот остварен во претходниот месец.
    Пресметката на аконтацијата на данокот на доход ја одобрува Управата за јавни приходи.

Годишна обврска на физичкото лице

Управата за јавни приходи изготвува пополнета Годишна даночна пријава за сите граѓани - физички лица кои оствариле доход од права од индустриска сопственост во текот на 2023 година.
Пополнетата Годишна даночна пријава (ДЛД-ГДП), Управата за јавни приходи ја доставува до граѓаните најдоцна до 30 април 2024 година преку системот https://e-ujp.ujp.gov.mk
Секое физичко лице е должен да ја потврди точноста на податоците од пополнетата Годишна даночна пријава или да ја коригира пријавата најдоцна до 31 мај 2024 година.
Доколку граѓанинот не ја потврди или коригира пополнетата Годишна даночна пријава најдоцна до 31 мај 2024 година, пополнетата ДЛД-ГДП издадена од УЈП ќе се смета за потврдена.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија