Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31          
Recnik
Редовно се спроведува поврат на ДДВ во законски рок
26.07.2018

За „Економист“ 26.07.2018 година



Управата за јавни приходи (УЈП) во изминатиот период реализира заначајни активности за подобрување на деловниот амбиент во земјата. Со Сања Лукаревска, првиот човек на УЈП разговараме на повеќе теми од значање за стопанството, вршење на контрола, наплата на даноци, поврат на ДДВ, борба против нерегистрираните субјеки како и за идните проекти на УЈП, ексклузивно за Економист.мк.

Веќе една година како сте директор на УЈП, кои се според вас најзначајните активности кои Управата ги реализирала до сега?

Лукаревска: Во изминатиот период успеавме да реализираме повеќе активности:

Укинување на радиодифузната такса

Согласно Законот за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги со кој се укина радиодифузната такса, Управата за јавни приходи изврши достава на Решениија за утврдување на оваа јавна давачка заклучно со месец Септември 2017 година, а за обврзниците кои имаа извршена предвремена уплата за цела 2017 година, спроведе поврат на повеќе платените средства.

Воведување на системот Е- ПДД

Од 01.01.2018 година, Управата за јавни приходи воведе нова процедура за пресметување и плаќање на обврските за персонален данок на доход, односно пресметувањето на данокот преку поднесување на Електронска пресметка за приход и данок (е-ППД) до Управата за јавни приходи, преку новиот систем е-Персонален данок.

Врз основа на податоците од електронските пресметки за исплатените приходи во текот на 2018 година, во 2019 година Управата за јавни приходи ќе издаде пополнети годишни даночни пријави на граѓаните, кои даночните обврзници ќе може да ги потврдат или корегираат.

Финансиска помош за минимална плата

Управата за јавни приходи согласно Законот за минимална плата, врши контрола на исполнетоста на условите за обезбедување на финансиска помош на работодавачите за исплата на минимална плата и податоците за лицата и субјектите кои го оствариле ова право, ги доставува до Министерството за труд и социјална политика.

Забрзување на постапката за поврат и пребивање на даноци

Управата за јавни приходи е во завршна фаза на имплементација на модел за автоматски поврат и пребивање на даноци, со што ќе се намали времето на административните постапки при доставено барање за поврат на данок на додадена вредност.

Услугата на УЈП „Закажи средба” со даночен агент, овозможува секоја странка да закаже термин за средба со даночен агент во УЈП - Регионална дирекција Скопје во време кое нему му одговара, според расположливите термини, а со цел консултација од даночната сфера, и тоа: добивање на општи информации за рокови, начини за пријавување и плаќање даноци; отворање на бизнис и регистрација на даночен обврзник; консултации за издадени даночни документи; утврдување на даноци; постапки за наплата на долгови; правни прашања и консултација за други специфични прашања.

Поедноставување на даночните постапки за земјоделците -Намален е прагот за регистрација на земјоделците – вршители на дејност на 1 милион денари. Поврат на персонален данок за остварени приходи од земјоделска дејност до 1 милион денари Владата на Република Македонија заедно со Министерството за финансии, Управата за јавни приходи и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, најдоа разбирање за важноста и егзистенцијалните прашања на оваа група на граѓани, за кои покрај субвенциите, одлучи и да го зголеми прагот од претходно 300.000 денари кои беа ослободени од обврската за плаќање на данок, на 1.000.000 денари, односно задржаниот данок на доход за средствата остварени од продажба, кои не надминуваат 1 милион денари ќе им биде вратен на земјоделците.

Неодамна заедно со стопанството најавивте акции за зголемено делување во борбата против сивата економија, регулирање на работата на црно на пазарот на труд. Каква е состојбата во моментот и планот за сузбивање на оваа појава во земјата?

Лукаревска: Преку Меморандумот за соработка меѓу Сојуз на стопански комори на Македонија и УЈП заеднички ќе целиме кон зголемено делување во насока на намалување на нелојалната конкуренција која претставува сериозен проблем за развој на домашното стопанство, заеднички ќе работиме кон намалување на нелојалната конкуренција и сивата економија, која во моментот претставува голем удар за компаниите. Не смееме да дозволиме регистрираните компании, трговци поединци, занаетчии, кои ги почитуваат законите, ги плаќаат даноците, ги исполнуваат стандардите, прописно ги пријавуваат и плаќаат работниците, да трпат штета од нерегистрираните субјекти, кои се дел од сивата економија во таа насока заеднички со надлежните институции МТСП, трудовиот инспекторат ќе делуваме за сузбивање на оваа појава, секоја институција во рамките на своите надлежности и ингеренции (за работа на црно се надлежни МТСП- трудовиот инспекторат а УЈП во делот на оние кои се регистрирани. Нашата цел и заложба како УЈП е да влијаеме кон онаа категорија на даночните обврзници кои се регистрирани, а не издаваат фискална сметка, обврзници кои се надвор од даночниот систем на УЈП поради користење на паралелен систем за евидентирање на готовинскиот промет (издавањето на не фискални сметки). Пропустите од недоволна информираност на граѓаните и правните лица ќе ги надминеме заеднички со Сојуз на стопански комори на Македонија, веќе од тој аспект УЈП подготвува серија на документи и материјали: Акционен план за фискализација (нови ефективни мерки и активности) кој како материјал треба да преставува врска меѓу Планот за намалување на сивата економија, Стратешкиот план на УЈП и Национална кампања за фискализација (нов пристап, нови едукативни содржини-флаери и сл).

Како одлучува УЈП во кои компании ќе врши контрола?

Лукаревска: Управата за јавни приходи, во склоп на корективните инструменти, користи повеќе видови на контрола како што се канцелариските, надворешните и даночни контроли.

Надворешните контроли вршат голем број на важни улоги кои, доколку целосно и ефикасно се исполнат, може да дадат значителен придонес кон подобрување на целокупната состојба на даночниот систем. Истото подразбира, промовирање на доброволна усогласеност: Откривање на неусогласеноста на ниво на поединечен даночен обврзник, собирање информации за „здравјето" на даночниот систем.

Ефективна и ефикасна програма за надворешни контроли зема во предвид повеќе критични аспекти како што се методи и алатки за селекција на даночни обврзници кај кои треба да биде насочена надворешна контрола, програми за обука на даночните службеници/инспектори, перформансите на информатичката технологија (ИТ), адекватноста на правната рамка за даночни контроли итн.

Главни методи кои се користат при селекција на обврзници за надворешна контрола се следните:

  • Анализа на поединечни случаи кoja се базира на детален увид во обезбедените податоци (од евиденцијата на Управата, други органи и институции, пријави и претставки) за работењето на даночниот обврзник, во насока на одредување на нивото за ризичност од даночен аспект,
  • Системски имплементирани критериуми за ризик кои овозможуваат, објективност при изборот на случаи за контрола; Соодветен третман во согласност со нивото на ризик; Рационална употреба на човечки ресурси;
  • Случаен избор; се базира на селекција на примерок од одредена ризична дејност. Овој метод се користи во насока на евалуација на соодветноста и ефикасноста на дефинираните критериуми за ризик. Доколку случаите за контрола избрани на овој начин дадат поголем резултат во споредба со случаите избрани со користење на критериумите за ризик, неопходно ќе биде дефинирање на нови, суспензија на одредени или ажурирање на веќе постоечките индикатори за ризичност.

Каква е наплатата на даноците од почетокот на годината?

Лукаревска: Со Буџетот на РМ ("Службен весник на РМ” бр. 196 од 28.12.2017 година) Управата за јавни приходи треба да обезбеди 69.00% од планираните буџетски приходи, од кои, 38.2% од наплата на даноците и 30.8% од наплата на придонесите или вкупно износ од 146,503 милиони денари, (81,081 милиони денари од наплата на даноците и 65,422 милиони денари од наплата на придонесите).

Од почетокот на годината, односно во периодот јануари-јуни 2018 година, остварен е вкупен даночен приход од 39,802 милиони денари, кој во однос на планираниот приход од 39,979 милиони денaри бележи остварување од 99,6 процентни поени или понизок е за само 0,44% . Трендот на зголемување на наплата отпочна во месец април и продолжи и во месеците мај и јуни.

Наплатата на даноците во периодот јануари-јуни 2018 година е зголемена за 6,2%споредено со истиот периодот од 2017 , за 11,2% во однос на 2016 и за 19% во однос на 2015. Во вкупно планираните даночни приходи, највисоко е учеството на данокот на додадена вредност 62,95%.

Поради значајното учество на наплатата на ДДВ во вкупниот износ на даночните приходи важно е да се потенцира дека наплатениот ДДВ приход во периодот јануари–jуни 2018 година од 24,080 милиони денари во однос на планираниот приход од 24,384 милиони денари, претставува помало остварување за само 1,2 процентни поени. Додека наплатениот ДДВ приход е повисок од приходот во истиот период од 2017 година за 2,96 процентни поени, повисок од 2016 година за 2,4 процентни поени и повисок од наплатениот ДДВ во истиот период од 2015 година за дури 22, процентни поени.

Притоа, треба да се напомене дека истовремено е остварен повисок поврат за 16% во однос на истиот период од 2017 година, повисок за 38,5% од 2016 година и повисок за 18% од 2015 година. Во периодот јануари-јуни 2018 година, остварен е вкупен приход по основ на социјални придонеси од плата во износ од 32,520 милиони денари кој е повисок за 2,5% во однос на планираниот од 31,729 милиони денари и повисок за 7,3% во однос на остварениот во истиот период од 2017 година во износ од 30,314 милиони денари, повисок за 13,3% од 2016 година и повисок за 18,9% од 2015 година.

Се зголемува ли моќта на компаниите и граѓаните да плаќаат даноци и каква е состојбата со долгот на државата кон приватните компании по основ на поврат на ДДВ?

Лукаревска: Управата за јавни приходи и Министерството за финансии редовно ја спроведуваат постапката за поврат на данок на додадена вредност, во законски определениот рок од 30 дена од денот на поднесување на барањето за поврат. Вкупниот износ на поврат на данок на додадена вредност со доспеана валута изнесува 22.295.437 денари.

Кои се следните даночни реформи на кои што работи Управата и ги планира за следниот период?

Лукаревска:Управата за јавни приходи превзема активности за имплементација на Проектот "Повеќе пари кај граѓаните", кој треба да овозможи поврат на 15% од износот на платениот ДДВ на физички лица.Исто така превземаме низа активности за имплементација на Проектот за обезбедување на даночно намалување за стопански субјекти кои ќе донираат средства на спротски клубови.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија