Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
Интервјуа
Година Медиум  

01.02.2007
Не станувам заложник кај ниту еден директор! Ќе “играме” фер!
ИНТЕРВЈУ ГОРАН ТРАЈКОВСКИ, ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ - На 18 декември минатата година се соочив со опасноста дека нема да ја исполнам ДДВ проекцијата за декември и ќе имаме дефицит од 400 милиони денари. Ако сакав, имав многу механизми, изворни македонски, за да ја решам таа ситуација, посебно што имавме три-четири ДДВ поврати (вторник и четврток). На пример, можев да кажам што е вратено-вратено, сега - стоп и пуштаме контроли и бараме ,,рачка,, за да не враќаме повеќе ДДВ, каде потоа би покажал резултати. Има и друг метод - да ги викнам најсилните фирми, да ги седнам во канцеларија и да им речам: Ве молам уплатете ми ДДВ по ”грешка” а јас во јануари ќе ви вратам. Не го направив ни едното ни другото. Одев на ризикот на 31 декември 2006 да ми се појави “џеб”. Со ова сакам да ви кажам дека за 400 милиони не станувам заложник на ниту еден директор кој во моментот ќе ми излезе во пресрет. На пример, ако го стопирав повратот на ДДВ-то ќе паднеше во вода сe што сме работеле претходните два месеци - демагогија. И не влеговме во минус, дури натфрливме со 102,7%.
 
26.01.2007
Го замрзнавме имотот на судијката Попчевска
ИНТЕРВЈУ ГОРАН ТРАЈКОВСКИ, ДИРЕКТОР НА УПРАВА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ - Во моментов, целокупниот имот на судијката Попчевска е замрзнат. Течат роковите по правото на жалба, а предметот се наоѓа пред Министерството за финансии, кое е должно во рок од 60 дена од приемот на жалбата да даде одговор. Предметот е проследен и до сите останати надлежни институции да се најдат себеси во предметот, дали има елементи на злоупотреба, елементи на кривично дело. Попчевска на име на данок ќе треба да плати околу милион и 700 илјади денари.
 
02.12.2006
Докторите на чело на градежната мафија
ИНТЕРВЈУ ГОРАН ТРАЈКОВСКИ, ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ- Белите мантили се врвни градежници и дилери со недвижности. Тие се јавуваат секаде, како содружници, претприемачи и слично. Тоа за мене беше шок. Од 10 предмети, во осум доминантни основачи и содружници се доктори, вели во денешното интервју за „Дневник“ директорот на Управата за јавни приходи, Горан Трајковски. Тој им објави војна на даночните обврзници, посебно на државните функционери. Вака во јавноста се коментира најновата акција на инспекторите за собирање на даноците што фирми и граѓани „заборавиле“ да ги платат на државата. Трајковски, не сака ваквите активности да ги нарече акција. Според него, тоа се редовни контроли на даночниците што треба да ја наполнат државната каса. Тврди дека при контролите нема да ги заборават бизнис-елитата, политичарите, државните директори. Ако набрзо не покаже резултати, Трајковски ветува дека ќе си поднесе оставка.
 
Страници: 


 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија